Стопанството во Европа се буди расте побарувачка за шлепери, најбаран-DAF

Минатата година DAF забележа рекордни бројки и е во самиот врв, според продажбата во сегментот на возила со маса поголема од 16 тони во Европа

И помеѓу камионите борбата помеѓу производителите исто како и во другите сегменти во индустријата е вообичаена работа.

И кај нив се прават табели по успешност, односно по бројот на продадените стопански возила,  се прави скала на најдобрите и пазарно најуспешните.

На пазарите на Стариот континент, лани се продадени речиси 319.000 камиони, што претставува пораст во однос на претходната 2017 година  кога се продадени 306.000.

При тоа DAF остварил рекордно учество во пазарот од дури 16,6% и тоа го позиционира на второ место по продажба во сегментот на возила со маса поголема од  16 тони.

Особено е интересно да се ѕирне во сегментот на влекачите (шлеперите), каде  DAF со 19,8% е водечки производител на европскиот пазар.

Одличната продажба е резултат на рекордните бројки на произведени возила , па така DAF во минатата 2018година произвел вкупно  67.000 возила (+10,1% во споредба со годината пред таа).

Процените велат дека на пазарот ќе продолжи да расте побарувачката на нови камиони што значи дека се предвидуваат и поставување на нови производни и продажни рекорди..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia со прва скица го најави скорешното доаѓање на crossover моделот X-Ceed

За враќање во САД Peugeot се фокусира на C и D сегментите

Заеднички проект на Karma и Pininfarina

Citroën со најубав штанд на салонот за автомобили во Женева 2019-та

Škoda во февруари продаде над 90.000 модели!

Opel се враќа во Русија

Доделени наградите „Автомобил на годината во Македонија“ за 2019-та

Сензација-Пристигнувањето на VW Golf 8 генерација одложено за март 2020-та!?

Volvo ја завршува приказната со дизел мотори