“Storie Alfa Romeo” 6-та епизода: Duetto, италијанскиот пајак го освојува Холивуд

-Моделот Giulietta Spider е прикувжан во италијанските филмови од раните 1960-ти години, во режија на Фелини и Антониони: ова беа проби пред со харизмата „Made in Italy“  да го освојат Холивуд и САД.

– Нејзиниот наследник и ги освои Стив МекКвин, Дастин Хофман и Мухамед Али: Alfa Romeo Duetto беше неодолива.

-Верна на традицијата на марката Alfa Romeo,  моделот бил многу повеќе од лидер во стилот: бил исклучително елегантен и исто така можеше да обезбеди возбудливи и задоволувачки искуства при возењето.

-Четири генерации, над 124,000 единици произведени во текот на 28 години: Duetto имал најдолг животен век на кој било модел на Alfa Romeo.

Холивудска судбина

„Беше прекрасен автомобил. И многу убава “. Тоа го изјавил еден исклучителниот господин возач на моделот Duetto : легендарниот Стив МекКвин, во текот на летото во 1966 година, кога бил поканет од списанието  Sports Illustrated да го проба италијански roudster, заедно со други „брзи другари“. Моделот што го возеше бил еден од првите модели Alfa Romeo 1600 Spider кои пристигнале во САД, по неговата премиера на Саемот за автомобили во Жnенева неколку месеци порано. Со неколку зборови, Меквин ја сумираше суштината на моделот Duetto  и уникатноста на Alfa Romeо: задоволство при возење и чиста убавина.

Технички, неговото мислење има авторитет. Стив МекКвин беше колекционер на супер aвтомобили и одличен возач, кој беше втор во својата категорија во трката Sebring 12 Hour 1970 година, во пар со Питер Ревсон.

Една година подоцна, младиот Дастин Хофман возеше Duetto со полна брзина следен од музиката на Симон и Гарфанкл во  филмот „The Graduate“ (дипломец). Култните слики што останаа врежани во историјата на филмот, доведоа до серија понуди, каде Duetto  е виден како се вози во стотици филмови и ТВ-приказни, а  и самиот станал дел од култот. Кога светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Мухамед Али имал Duetto: копирајќи го своето познато мотото „Летај како пеперутка, боди како пчела“, тој побара неговите таблички да имаат натпис Ali Bee (Али пчела).

Така Duetto стана меѓународна ѕвезда. Во меѓувреме, да се вратиме во времето, на корените на моделот Duetto  … на техничката иновација на моделот Giulia и харизмата на моделот Giulietta Spider.

Роден да ја открие Америка

Приказната за „манекенката” Giulietta Spider исто таа има и еден Хофман како главен лик. Не актерот, Дастин, туку бизнисменот Макс Едвин Хофман: поранешен тркач, кој избегал од Австрија во САД заради ширењето на нацизмот, каде што за неколку години стана главен американски увозник на европски автомобили.

Макс бил повеќе од само „трговец“: тој имал исклучително познавање на пазарот на автомобили. Тој давал совети за комерцијални политики, барајќи специфични модели, предлагајќи варијации во стилот – и придонесува за создавање на некои од најомилените спортски автомобили досега направени. Една од нив била Giulietta Spider.

Таа дама стана опсесија на Хофман. Тој започна да се распрашува за тоа во Alfa Romeо во 1954 година, веднаш по појавувањето на моделот Giulietta Sprint. Веруваше дека тоа ќе биде совршен автомобил за пацифичкиот брег, убеден дека сите во Холивуд ќе сакаат таков автомобил. Бил толку сигурен во успехот на моделот што рекол дека е подготвен да купи неколку стотици примероци, дури и пред да го види финалниот дизајн!

Прубава млада дама

Хофман успеа да ги убеди Франческо Куарони и Рудолф Хруска и проектот бил лансиран. Натпреварот во стил започнал во тоа време меѓу двајца дизајнери: Бертоне и Пинин Фарина. Бертоне осмислил екстремна идеја, ќерка на концептот 2000 Sportiva на Френк Скалионе: зашилен преден дел (фронт), и фарови и задни „перки“ кои тонат во контурата на моделот. Предлогот на Пинин Фарина бил дизајниран од Франко Мартиненго и бил избран поради неговата елеганција и класичен баланс на формата.

„Преубавата млада дама“,беше прекар од Пинин Фарина за прекрасниот модел, започна со панорамски шофершајбна и лизгачки прозорци. Исто така, моделот немаше рачка од внатрешноста на вратата: наместо тоа, јаже го активираше отворањето на вратата. Дури подоцна, беше воведен традиционалниот ветробран, со странични прозорци што се спуштаат, инсталирани панели на вратите, преклоплив покрив, рачки и нови ентериери.

Чисто спортски концепт, кој бил потврден и со неговите исклучително брилијантни перформанси. Spider го наследи моторот на Giulietta: 1.290 см ³ четири цилиндри во ред, што испорача 65 КС и обезбеди максимална брзина од 155 км на час. Моќта продолжи да се зголемува и во подоцнежните верзии, започнувајќи со моделот Spider Veloce од 1958 година со 80 КС.

Флексибилен, млад и брз. И убава. Giulietta Spider  била ѕвезда на големото платно: Фелини и дал улога во  La Dolce Vita (Ла Долче Вита), Антониони ја избра како автомобил на Ален Делон во „Затемнување“. Таа стана симбол на статусот: обожавана од познати личности, посакувана од сите.

Произведено во Италија

Дојде време кога требаше да се направи наследник на моделот Giulietta Spider. Лураги и неговиот тим беа свесни дека правењето одличен автомобил нема да биде доволно: потребна била иста харизматична аура.

Неговата презентација мора да биде главниот настан: свечена церемонија, нешто помеѓу прием и крунисување.

Alfa Romeo сакал нешто големо. Така, тој организираше трансатлантско луксузно крстосување за лансирање во САД и ги покани најексклузивните познати личности од шоубизнисот, спортот и модата.

Имало 1.300 познати личности, како Виторио Газман, Росела Фалк и оперската пејачка Ана Мофо.

Италијанскиот крузер Рафаело отплови од Џенова кон Њујорк, со пауза во Кан поради филмскиот фестивал.

За цело време на крстосувањето, на командниот мост на бродот, биле екстравагантно прикажувани три примероци на новиот Spider: еден зелен, еден бел и еден црвен.

Истакнувајќи го италијанското потекло на неговиот производ Alfa Romeo бил пионер на трендот „Made in Italy“ скоро десет години пред неговиот бум.

Технички дел на наследството на моделот Giulia

Alfa Romeo Spider 1600 се заснова на моделот Giulia, со меѓуоскино растојание намалено на 2.250 mm; неговата механика припаѓа на модернизираниот модел Giulia Sprint GT Veloce (еволуција на Sprint GT).

При лансирањето, Duetto беше опремено со класичен мотор со четири цилиндри со два цилиндри од 1.570 кубика, изработен од лесен алуминиум кој може да генерира 108 КС и со тежина на празно возило помала од 1.000 кг. Неговата најголема брзина изнесувала 185 км/ч.

„Duetto“ или „коска на Сипа “?

Пронаоѓањето на името на моделот била приказна сама по себе. Бил организиран награден натпревар заедно со сите европски дилери.

„ Duetto “ победил … но имал проблем со авторските права (поради чоколадниот бисквит со исто име), и затоа автомобилот се појави на пазарот под името „Alfa Romeo Spider 1600“.

Името Duetto остана во задина, но било сочувано во сеќавањата на фановите, и стана прекар за сите генерации автомобили.

Имачо и други: Spider моделот од 1966 година, првиот во серијалот, а последното ремек дело на Батиста Пинин Фарина, го доби прекарот „Коска на Сипина“ заради својата елипсоидна форма, со заоблен преден дел и високи, испакнати страници и многу ниска линија прозорците.

Вториот прекар е од 1969 година, „ Coda Tronca “, или „Кратка опашка“, која се издвојувала со аеродинамичниот облик на задниот дел.

Третиот е „ Aerodinamica“ од 1983 година, именуван по долги тестови во воздушен тунел.

Во 1989 година пристигна последната генерација, таканаречената „IV серија“… автомобил со мазен и фино обликуван изглед, практично враќање на своите корени.

Четири генерации, повеќе од 124,000 модели запример произведени во тек на 28 години: најдолг век на еден модел на Alfa Romeo.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!