„Storie Alfa Romeo“, четврта епизода: Alfa Romeo- прв производител на автомобили што освоил шампионат во Formula 1

Врската помеѓу брендот  Alfa Romeo и Formulа 1 е испишана во историјата на Grand Prix (Гран при) трките: Alfa Romeo го освои првиот шампионат -првото издание на најважната категорија мототрки во 1950 година, кога Нино Фарина бил зад воланот на Alfa Romeo Grand Prix Tipo 158 „Alfetta“, а тој успех е повторен во 1951 година од Хуан Мануел Фанџо(Juan Manuel Fangio)  во Alfetta 159.

Трка број илјада

Тринаесети мај е годишнина од првата Formula 1 Grand Prix трка што започна една од најголемите спортски легенди на модерното време. Свеченото отворање (1950 година во Силверстон) беше одбележано и од Меѓународната федерација во Шангај на 14 јули 2019 година (по повод илјадитата трка) и сега повторно на 13.05.2020 година по повод седумдесеттиот роденден на Formula1.

Две многу различни епохи, лице в лице: во 1950 година, шлемовите (кацигите) сè уште беа прашање на избор, немаше телевизија, а публиката стола долж патеката. Денес, „циркусот“ на Formula 1 е ултра технолошка глобална индустрија, која се пренесува на публиката од 400 милиони преку ТВ и Интернет за време на секоја сезона.

Единствените две работи што се заеднички за дветe ери се: страста на публиката, и Alfa Romeo … кој се вратија во Formula 1 во 2018 година со тимот на Sauber и што ќе се натпреваруваат од оваа 2020 година под името Alfa Romeo Racing ORLEN.

Alfa Romeo едноставно не беше ист без Formulа 1. И можеби Formula 1 не беше баш иста без марката Alfa Romeo.

Alfetta 158

Моделот Alfetta од 1938 година беше технолошки скапоцен камен. Осумцилиндричен праволинеарна мотор со еднофазен компресор и трифазен карбуратор го изработи Џоакино Коломбо, директор на одделот за дизајн, кој имал намера да го направи моќен, подготвен за моментно забрзување и апсолутно сигурен. Преносот на електрична енергија бил обезбеден со двојна бризгалка над моторот. Употребата на лесни легури (за моноблок, со никел-хром челик за коленестото вратило) овозможија тежината на моторот да се намали на само 165 кг. Менувачот бил поставен во блок со диференцијал. Ова беше добро познатиот transaxle (трансоскин) распоред што зазема помалку простор и овозможува оптимална дистрибуција на тежината помеѓу двете оски: решение што брендот подоцна би го користел во својата серија автомобили за секојдневно возење.

Тогаш Втората светска војна ја прекина низата на истражување и нагло запре развојот на автомобилите Alfa Romeo“: но техничките решенија предвидени со проектот беа доволно софистицирани за да бидат релевантни во повоениот период … и во некои случаи, дури и денес.

Лет во Абиатеграсо (Abbiategrasso)

Врските помеѓу предвоените и повоените модели Alfa 158 не биле само прашање на едноставен дизајн, имало и физички континуитет: повоените модели биле буквално исти -предвоените, скриени за да го чекаат крајот на војната.

Замислете ја сцената: Во 1943 година, Милано бил окупиран, имало сè повеќе постројувања и апсења секој ден. Мал број на модели Alfetta 158  останале во складовите во фабриката Портело, но постоел ризик тие да бидат земени како плен за воени активности. Различни техничари и работници во Alfa Romeo одлучуваат дека треба да ги скријат. Тие започнуваат тајни планови и се подготвуваат да ги однесат со камион. Разни страствени обожаватели на марката Alfa Romeo доброволно ги кријат …, а меѓу нив е и шампионот возење глисер, Ахиле Кастолди (Achille Castoldi), кој го соборил светскиот рекорд во 1940 година користејќи мотор Alfa Romeo 158.

Меѓутоа, се јавува проблем. Токму кога конвојот на камиони требал да замине, се појавила патрола на Вермахт, со „репетирано оружје “. За среќа, тест возачот на Alfа, Пјетро Бонини(Pietro Bonini), бил Швајцарец, кој живеел во Берлин извесно време. Зборувајќи самоуверено на совршен германски јазик и мавтајќи со безбедносната дозвола, тој успеа да го смири командантот и да ја спаси ситуацијата. Сто и педесет и осум модели биле однесени во гаражи и штали, да бидат скриени зад лажните ѕидови или во купови трупчиња … да чекаат подобри времиња

Лансирањ на F1

Набргу по завршувањето на војната, истите овие модели на Alfetta 158 се вратени во Портело (Portello) и внимателно обновени и подготвени да се вратат во трки, а трките значеа победа, иако патеките и првенствата беа фрагментирани и со минимални услови за трка.

Помеѓу 1947 и 1948 година, Нино Фарина го освои првото место на Големата Награда на Нациите во Женева, Варзи бил прв на Големата Награда на Торино на патеката „Валентино“, а Тоси (Tossi) ги кутна на коленици конкурентите на Големата Награда на Милано. Пораката беше сосема јасна: Alfa Romeo и понатаму бил победнички автомобил.

Големата награда на Велика Британија на Силверстон во 1950 година била прва од осумте трки што го сочинувале првиот Светски шампион на FIA- Formula 1. Земјите што биле во војна едни против други само неколку години пред тоа се обединиле за единствен спортски настан: тоа бил историски момент. Исто така, се покажа како историски триумф за Alfa Romeo.

Првите четири места на почетокот ги зазедоа четири модели Alfetta 158. Џузепе „Нино“ Фарина(Giuseppe “Nino” Farina)  ја освои пол-позицијата, најбрзиот круг и конечната победа. Втор бил Луиџи Фаџиоли (Luigi Fagioli), а трет Рег Парнел(Reg Parnell). Првиот Ф1 подиум бил под монопол на марката Alfa Romeo.

Тим 3 F

Комбинацијата на извонредна брзина, управливост и доврливост на 158 го направи врвно достигнување на автомобилската технологија во тоа време. Кога бил воведен во 1938 година, имал 1,5-литарски мотор со компресор и 185 КС. Во втората верзија, по војната, компресорот стана двофазен, а моторот достигна 275 КС … а до 1950 година достигна 350 (на 8.600 вртежи во минута). Благодарение на екстремната лесната маса, нејзиниот сооднос тежина/моќ бил само 2 кг / КС… вредност во согласност со денешните серии на супер спортски автомобили.

Техничката супериорност носи победи. За медиумите, Фарина, Фанџо и Фаџиоли беа „тим 3 Ф“, непобедливо трио кое ги „разби“ сите ривали. Трите аса на Alfa Romeo  ги освоија сите Grand Prix трки во кои учествуваа, завршувајќи на подиумот дванаесет пати и со 5 најбрзи круга. Како што рекол, подоцна, Џузепе Бусо(Giuseppe Busso), дизајнер на Alfa Romeo и соработник на Коломбо, „нашиот главен проблем бил да одлучиме кој од тројцата возачи ќе победи на трката“.

На 3 септември 1950 година, на Големата Награда на Монца, Alfa Romeo ги тестираше новите технички ресурси на Alfetta 159, кои всушност биле развиени за употреба во шампионатот наредната година. Новата Alfetta дебитирала со победа. Зад воланот бил Нино Фарина … кој на тој начин стана – првиот светски шампион во Formula 1.

Alfetta 159

Следната година првенството било решено дури во последната трка, на крајот на долг дуел помеѓу брендовите Alfa Romeo и Ferrari  По 17 години, феноменалниот мотор Alfetta го достигна крајот на својот потенцијал за иден развој … но за време на трките од 1951 година, техничарите сепак успеаја да ги исцедат последните капки дополнителна моќност и да го достигнат врвот од 450 КС. Благодарение на последниот труд, и крајно талентираните возачи, Model 159 триумфираше на Големите Награди во Швајцарија, Белгија, Франција и Шпанија, со единаесет финиши на подиумот и најбрзи круга на сите седум трки.

„Триото F“ и нивните победи станаа легендарни и ја доведоа на големиот екраните во кино салите Alfa Romeo. Двајцата најзначајни италијански продуценти од тоа време, Дино Делаурентис (Dino De Laurentis) и Карло Понти (Carlo Ponti) ги избраа најголемите sвезди на тоа време – Амедео Нацари (Amedeo Nazzari)  и убавата Алида Вали (Alida Valli) – за главните улоги во „ Ultimo Incontro  (во македонска транскрипција: Последната средба), филм на патеките во Формула 1 и канцелариите Alfa Romeo Racing Team.  На сценариото работел и познатиот писател Алберто Моравија.

Филмот ја имаше својата премиера на 24 октомври 1951 година и 4 дена откако Хуан Мануел Фанџо – кој ја возеше легендарната Alfetta 159 – ја освои Големата Награда на Шпанија и со тоа стана светски шампион. Втора победа (титула) во низа. Alfa Romeo ги освои првите два Светски шампионати во Formula 1 во историјата … и тогаш можеше да се повлече од Formula 1 непоразен и да се посвети на изработка непобедливи преубави патнички и тркачки автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност

Porsche 911 Turbo S или Taycan Turbo S…?