„Storie Alfa Romeo“, деветта епизода – 8C Competizione!

-8C Competizione исто така значеше враќање кон своите корени и своевидна лабораторија за иднината, ги покажа својот идентитет, вредности и стилски и технички референци: оптимален однос тежина / сила, совршен баланс и прецизна управување

– Мото светот соочен со предизвикот на третиот милениум, запре за момент за да му се восхитува на новиот скапоцен камен на марката Alfa Romeo : „Се викаше 8С, и мислам дека едноставно е најубавиот автомобил што досега направен“ … изјавил, со голма доза на убедливост, Џереми Кларксон на телевизијата BBC.

-Со други зборови, тој ја сумираше суштината на марката Alfa Romeo, почнувајќи од името: тоа упатува на моделите со „осум цилиндри“ од 1930-те, и на моделот Competizione од 1905 година, победниците на трките Ле Ман (Le Mans) и Миле Миља (Mille Miglia).

-Историјата на брендот служи како стилска инспирација: 8C слави просторност, чисти линии и сите препознатливи карактеристики на марката, збогатени со софистицирани детали.

-Навистина, стана природна референтна точка за сите модели по неа, вклучително и автомобили од големи серии, како што се моделите MiTo и Giulietta. И имаше многу близок роднина во моделот 4C, компактен технолошки и сензуален суперавтомобил.

– Накратко, успех и пресвртница: 8C привлече 1.400 нарачки од целиот свет за само неколку недели, а очекуваните 500 нумерирани примероци беа продадени пред да бидат направени.

Помеѓу минатото и иднината

8C Competizione: враќање на корените и лабораторија за иднината.

Создадено е среде процес на длабока реорганизација во автомобилскиот сектор бидејќи се подготви да се соочи со новиот милениум … и стана знамето околу кое Alfa Romeo го редефинираше својот идентитет и вредности – стилска и техничка почетна точка за планирање на идните производи.

Во почетокот на 2006 година, Серџо Маркјон (Sergio Marchionne)  го сигнализираше почетокот на индустријализацијата и сериското производство на „концептниот автомобил“ што предизвика толку голема возбуда за време на Саемот за автомобили во Милано во 2003 година.

Стилскиот Центар на Alfa Romeо – објект за дизајнирање, предводени од Волфганг Егер (Wolfgang Egger), го редефинираа оригиналниот дизајн за само осум месеци.

Претставен во својата конечна верзија на Саемот за автомобили во Париз, Model 8C собра 1.400 нарачки од целиот свет за само неколку недели, а очекуваните 500 нумерирани примероци биле продадени многу време пред да бидат направени.

Суштина на брендот Alfa Romeo

Приказната за 8C Competizione започнува со неговото име. 8C се однесува на автомобили со осум цилиндри дизајнирани од Виторио Јано (Vittorio Jano)…… автомобили кои освоија трки низ целиот свет во текот на 1930-тите години (четири победи по ред нај Ле Ман (Le Mans) и три на трката Мил Милија ( Mille Miglia).

Competizione од друга страна, беше името на моделот 6C 2500, управувано од Хуан Мануел Фанџо (Juan Manuel Fangio) во трката Mille Miglia  во 1950 година.

Направено како синтеза и обновување на суштината на марката Alfa Romeo, моделот 8C е одраз на техничките теми кои и биле драги на марката уште од самиот почеток.

– Како лесната маса, засилена со „двојна рамка“ и употреба на алуминиум, титаниум, јаглерод и композитни материјали.

– Како рамнотежата во тежината на предната и од задната страна, остварување на системот transaxle  (надолжен погон на предните тркала и менувачка кутија на задната оска).

-Како прецизност при возењето, усовршено со употреба на систем за суспензија со двојни попречни раце на обете оски.

8C имаше раскошен мотор (4,7-литарски V8 со 450 КС) – но пред сè означи враќање на менувачката кутија на задната оска, што недостасува во моделите на Alfa за оторени патишта уште од раните 30-ти.

Резултатот беше автомобил со оптимален сооднос тежина / моќ, кој може да забрза до 100 км на час од мирување за 4,2 секунди.

Омаж кон историјата на автомобилскиот дизајн

Следува нешто што се нарекува – стил. „Се вика 8C, и мислам дека е едноставно најубавиот автомобил досега направен“: вака го опиша водителот на шоуто Top Gear на BBC телевизија. Хаубата-како муцка изгледа како да го гризе асфалтот. Неговиот профил е мек и брановиден. Хоризонталното испакнување ги изедначуваат лаците над тркалата, поврзувајќи ги со „мускулестиот“ изглед на задните калници.

Задниот прозорец е обрабен со потпори, кои продолжуваат наназад сè додека не се „израмнат” со опашката.

Изгледал како примерок за квиз од историјата на марката. Неговите „очи“ се од моделот 33 Stradale, малку повеќе од линијата на хаубата; неговиот заден крај потсетува на моделот 61 Giulietta SZ, првиот прикован со „купиран ” (прифатен) опаш во историјата на автомобилизмот; кружните светилки му оддаваат почит на Giulia TZ, уште една кралица на тркачките патеки. 8C одигра фантастични игри со минатото, како стилскиот центарот на Alfa Romeо да и оддава почит на цела ера на автомобилскиот дизајн.

Крeaтивност и наука

Од 1930-те, дизајнерите и производителите на каросерии почнаа да го подобруваат аеродинамичкиот продор, што е клучно за нивните тркачки автомобили да бидат поконкурентни. Првиот чекор бил непречено -мазно да ги инсталираат надворешните елементи, како што се калници и фарови, во профилот на шасијата. Потоа, тие развија уште помеки, поповрзани и повеќе аеродинамични форми.

Ова беше предизвик што ја поттикна фантазијата на одличните дизајнери – убедени, природно, дека сè што е убаво мора да биде ефикасно. Користејќи ја својата креативност и вештини, тие направија некои од најубавите и најуспешните автомобили досега направени, а многу од нив беа модели на Alfa Romeo.

Автомобилите од тој период служеле како инспирација за моделот 8C Competizione, а тој ги славел преку смелоста на неговите волумени, неговите јасни линии и смелото или дрско наследство на препознатливите одлики од минатото.

Alfa Romeo „trilobo“

Неспорно знаеме дека Alfa Romeo погледната од напред: за секого е веднаш  препознатлива по централниот „штит“ и двата хоризонтални дозери (вшмукувачи) на воздух од двете страни. Оваа комбинација (можеби најпознатото „лице“ во светот на моторните возила) се нарекува „трилобо” (trilobo), а беше идентификувано во 1930-те.

Пред тоа, на стилот му беше даден малку простор: „муцката“ на автомобилот се состоеше од радијатор со фарови од страните, а (понекогаш) заштитен со решетки чакалот на патот. Од друга страна, штом формите почнаа да омекнуваат, се појави штитот Alfa Romeo – и кога стана премал за да ги излади  се помоќните и помоќни мотори, се појавија два попречни влеза за воздух, кои ентузијастите веднаш ги именуваа како „мустаќи“.

Trilobo, претходно скромен, официјално беше усвоен како симбол на марката започнувајќи со моделот 6C 2500 Freccia d’Oro. Како и сите симболи, тој се разви со текот на времето, рефлектирајќи го она што е убаво по вкус и модерно – но секогаш останува уникатно и непогрешливо.

Бил брановиден и импозантен на моделот 1900, потенка на моделот Giulietta Бил аеродинамичен и напнат на моделот Giulia, аголна и скоро совршена рамнострана во текот на 1970-те и 1980-те.

Беше минималистички и стилизиран во текот на 1990-те години, но со моделите 156 и 8C се врати во својата природна водечка улога, што од тогаш ја задржа во сите следни модели.

Наслeдство на моделот 8C Competizione

8C Competizione ги сумираше најкласичните канони на стилот Alfa Romeo и стана природна инспирација за сите подоцнежни модели, дури и за модели од големи серии како МиТо и Giulietta.

– 8C, исто така, има близок роднина: „помладата сестра“, 4C, компактен технолошки и сензуален суперавтомобил – очигледно поврзан со 8С, но неоптоварен со ограниченото производство.

Со 4C, Alfa Romeo се врати на пазар на компактни спортски автомобили, нудејќи најсовремени материјали и технолошки решенија, комбинирани со максимално мала маса и исклучителни динамични квалитети.

4C

Дизајнерите на Alfa Romeo  решиле да не извлечат максимум од моќ, наместо тоа, тие решиле да ја намалат тежината: малку повеќе од 1.000 кг, во возење, со сооднос тежина/ моќ помала од 4 кг / КС. Две вредности кои гарантираат максимална агилност и возбудливи перформанси.

Исто така, елементите од полиестер и фиберглас биле користени за да се постигне саканата мала тежина.

Но, најиновативната компонента била монокок рамка слична на лулка, изработена целосно од карбонски влакна и изработена со технологија добиена од Formula 1.

Материјалот, кој се состои од еднонасочни влакна, беше претходно-натопен со специјална смола која минува низ процес наречен „Готвење“: со овој третман, лулката може да се направи во едно парче, без склопување, и беше совршено способна да ги исполни своите структурни задачи и покрај тоа што тежела само 65 кг.

Моторот на 4С беше ултра-лесен: во линија мотор со 4 цилиндри и волумен 1750 кубни сантиметри, изработен целосно од алуминиум, што развива 240 КС. За да се обезбеди оптимална дистрибуција на моќност, моторот е ставен попречно назад.

Конструкцијата на менувачот има систем на двојна сува спојка.

Неговите системи за суспензија биле видливо спортски: двоен преклопен преден триаголник, со амортизери поставени директно на монокок, и еволуција на класичниот McPherson систем на задната оска.

4C постигнува максимална брзина повисока од 255 км/ч, со неверојатно забрзување: од 0 до 100 км /ч за само 4,5 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!