„Storie Alfa Romeo” осма епизода- Дизајн, спортски дух и иновации: модел 156 автентичен  успех на брендот

Милион луѓе во дилерствата, вкупно продадени над 680.000 единици: податоци кои покажуваат дека 156 е еден од најголемите успеси на марката Alfa Romeo. Претставен во 1997 и бргу ги освои купувачите и критичарите и ја понесе титулата „Автомобил на годината 1998. Моделот 156 беше извонредна комбинација на моќ, иновации и класика, но исто така го оживеа и хроматското истражување што беше дел од впечатливите карактеристики на моделите Carabo и Montreal.

-Тоа исто така беше револуционерен автомобил од техничка гледна точка, со иновации кои го претворија во нов вид спортски автомобил, кој комбинира моќ, леснотија и контрола: вечните карактеристики на генетскиот код на марката Alfa Romeo.

-Прекрасна, возбудлива и родена победничка: за 10 години од натпреварување во Gran Turizmo шампионатот освои 13 титули.

Лимузина со спортско срцe!

Милион луѓе ги посетија дилерите во неделата кога се одржаа „отворени врати“. Повеќе од 100.000 нарачки за неколку месеци. 680.000 продадени вкупно примероци од 1997 до 2005 година. Тие бројки го прават Model 156 еден од најуспешните модели на AR во историјата

Моделот 156 беше претставен пред светските медиуми во 1997 година во Centro Cultural de Belém во Лисабон.

Намерите на компанијата беа јасни: да се направи седан кој комбинира стил, совршеност и совршено динамично ракување, со совршен баланс помеѓу перформансите и управувањето. Формула за производи која е 100% Alfa Romeo.

Целта била многу амбициозна – и резултатот бил -еден од најдобрите автомобили со преден погон што досега е направени.

Alfa Romeo и погон на предни тркала

Првите автомобили биле направени со погон на задните тркала – но од почетокот хипотезата на предните тркала ги фасцинираше дизајнерите. Идејата дошла до дизајнерите на Alfa Romeo во првиот повоен период. Сата Пулига (Satta Puliga) и Бусо (Busso) беа убедени дека ова решение има потенцијал и започнаа развојна програма која има за цел моделот 1900 да го направи првото возило со погон на предните тркала на оваа марка. Сепак, компанијата одлучи да оди по друг пат: во раните 50-ти години, се разгледуваше идејата да  се направи помал модел Alfa Romeo со погон на предните тркала, што доведе до проучување на разни видови погонски системи.

 

Сепак, ниту еден од овие проекти не достигна фаза на индустријализација. Како и да е, одлуката само беше одложена. Alfa Romeo реши да го прошири својот опсег со модел покрај Giuliettа: компактен модел во стилот на „ со полна пареа напред“, што ќе ја зголеми продажбата.

Наместо тоа, новиот проект му беше доверен на Рудолф Хруска (Rudolf Hruskа), „таткото“ на различни верзии на моделот Giulietta. Alfa Romeo му даде двојна одговорност во исто време: да дизајнира нов автомобил и фабриката каде ќе биде направена. Така настана Alfasud, првиот модел  на Alfa Romeo со погон на предните тркала

 

Alfasud е создаден така речено  „на празна хартија“ така и  „на зелени полиња“; тоа бил редок случај да се проектира и прави фабрика за производство на конкретен модел. Автомобилот немал технички ограничувања на кои морал да се придржува, освен да биде верен на целите на производот.

„Очигледно тој морал да има погон на предните тркала и морал да биде луксузен субкомпакт модел, автомобил со пет седишта и многу голем багажник. Така Хруска го опиша проектот неколку години подоцна.

 

„Bokser“(со спротивно поставени цилиндри)  1.2-литарски мотор беше избран наместо четири -цилиндарски мотор со вградени цилиндри, бидејќи е понизок и посоодветен за аеродинамичкиот профил. Структурата на автомобилот „двоен волумен“, кој беше дизајниран да го подобри пристапот до багажникот со волумен од 400 литри, благодарение на фактот дека резервоарот се наоѓа под задното седиште, наместо помеѓу седиштето и багажниот простор. Ова овозможи иновативен, функционален и безбеден пристап кој веднаш беше широко имитиран.

Alfasud беше првата важна задача-барање што го презеде Џорџето Џиуџаро (Giorgetto Giugiaro) и се покажа како голем пазарен успех. За да се почитуваат сите ограничувања на просторот и големината, младиот стилист ја дизајнираше одликата „висока опашка“ (high tail) и ја поврза со аеродинамичниот фронт (предница) со едноставна права линија.

 

Alfasud го започна производството во 1972 година, што е година кога производството на марката надмина еден милион примероци од основањето. Alfasud наскоро ќе го достигне овој рекорд самата, со 900.925 произведени примероци помеѓу 1972 и 1984 година (а да не ја спомнуваме верзијата Sprint). Таа стана најпродаваниот автомобил на Alfa Romeo.

Од рационализација на производството до центализација на брендот

Во 1986 година, IRI (државна сопственост на Alfa Romeo од 1933 година) го продаде брендот на групата FIAT, а како и во сите процеси на индустриска интеграција, првите неколку години беа посветени главно на рационализирање на синџирите на производство и снабдување.

 

Во 1980 година, главниот збор на сите производители на автомобили беше „синергија“.

Процесите и производите се повеќе и повеќе стандардизирани. Многу компоненти се користат на повеќе модели како резултат на кратење на трошоците.

Дизајнерите мораа да ги почитуваат строгите ограничувања (како што е големината на вратата), што ја потиснува креативноста.

Во следните години, правилата беа поопуштени. На купувачите не им се допадна премногу хомологација и почнаа да бараат автомобили што биле поимпресивни.

„Личноста” ( карактерноста) на марката го поврати изгубеното значење, што влијаело на изборот на јавноста.

 

Оваа пресвртница ја промени историјата на дизајнот на автомобили на крајот на векот.

Спортско возење, високи перформанси, иновација (и стил)

За Alfa Romeo, тоа значеше враќање на почетоците. Првиот голем чекор бил да се вратат впечатливите одлики на марката со заживување на тимот Alfa Corsа, познатиот тркачки тим во кој Енцо Ферари (Enzo Ferrari)  ги направи своите први чекори.

Во 1993 година, моделот 155 GTA  учествувал на DTM – туризмо шампионатот во Германија и била управуван од Никола Ларини (Nicola Larini)- кој беше прв на 11 од 20 трки, враќајќи го Alfa Romeo за прв пат на подиумот на Нирбургринг (Nürburgring).

Придонесот на дизајнот бил голем.  Моделот 164 во 1987 година, првиот главен автомобил со погон на предните тркала на брендот, бил дизајниран од Pininfarina … но од тогаш, улогата на центарот за внатрешен дизајн на Centro Style Alfa Romeo станува сè поважна.

Во Аресе (Arese), технологиите се променија, луѓето се променија и процесот се смени.

Нови системи со помош на компјутери беа воведени за дизајнирање и изработка на прототип.

 

Тимот од Centro Stile е вклучен во дизајнерски платформи, а учествуваше и во избор на технологиите – на крајот на краиштата, она што е функционално, исто така, мора да биде убаво, и обратно.

Формата и суштината секогаш одат заедно: тоа е „неопходната убавина“ на марката Alfa Romeo.

Дизајнирање на нова гама

Centro Style не само што го направи стилот на моделот … тој го дизајнираше целата гама. И неколку години подоцна, сонот стана реалност. Во 1995 година, брендот го претстави оригиналниот модел со двоен волумен, 145, во C сегментот, а следната година, и се придружи на верзија со два и пол волумена (модел 146). Следните спортски автомобили GTV и Spider дојдоа, направени во соработка со Pininfarina. Вистинската точка на пресврт беше Молот 156.

Стилот на 156 беше извонредна комбинација на моќ, иновации и класицизам. Предниот „штит“ го врати својот доминантен карактер и ги префрли своите линии на хаубата. Кога се гледале од предната страна, калниците „ги зграпчиле тркалата“, зрачи со сила и контрола на патот. Врската помеѓу стаклените и металните површини повеќе потсетува на coupе отколку на limousine. Рачките на задната врата ги снема и скоро невидливо беа интегрирани во рамките на прозорците, а чистите колкови го потенцираа еластичниот и динамичен профил на автомобилот. „Се чини дека се движи дури и кога стои,“ коментираше Де Силва (de Silva).

 

Моделот 156 се врати во вид на хроматско истражување што претходно можеше да се види на моделите Carabo и Montreal. Дизајнерите на Alfa Romeo откриле инспирација во колекцијата на музејот, истата зграда во која што е и денес: гледајќи ја бојата на моделите  8C 2900 В од 1938 година, тие ја измислиле сината Nuvola (ита. Облак), со ефект на слоеви  лискун што го украсиле автомобилот со сјај во бои на виножитото.

Напреден и спортски карактер

Моделот 156 исто така бил извонреден автомобил и од техничка гледна точка. Од дизајнерите беше замолено да го развијат концептот на „напреден спортски карактер“ со комбинирање на сила, леснотија и контрола. Тоа отсекогаш била формула што го одразува возењето на автомобилите Alfa Romeo.

За да се постигне оваа цел, користени се нови материјали (на пр. Магнезиум и „tailored blank – челици), дизајнирани се екстремно внимателно дизајнирани системи за суспензија (на пр. висок реден паралелограм), а посебно внимание е посветено на механичкото прилагодување, со цел да се подобри контролата на управувањто  и прецизноста на траекторијата.

Моделот 156 освои сè: бил највозбудливата лимузина за возење во цела генерација. Спортската верзија беше победник: за 10 години учесто во Гран Туризмо првенството, таа освои 13 титули.

Раѓање на системот „common rail“

Кога се појави, имаше шест верзии на моторот. Busso V6 имаше три мотори „Twin Spark“ кои комбинираа двојно палење за прв пат (технологија претходно користена од Џузепе Мероси (Giuseppe Merosi) во 1914 година) со четири вентили по цилиндар.

 

Според логиката на европскиот пазар во тоа време, бензинот беше доминантно гориво; но овие правила наскоро ќе се променат.

И Alfa Romeo бил тој што ја започна револуцијата: 156 бил првиот автомобил во светот што вовел common rail систем.

Новинарите кои ги тестираа верзиите 1.9 и 2.4 од JTD во Лисабон беа зачудени: за прв пат, дизел моторите понудија перформанси на ниво на бензинци, како и тишина и удобност во возењето.

„Автомобил на годината “

Моделот 156 ги освои срцата на публиката но и на критичарите, и во 1998 година. му донсесе на брендот Alfa Romeo по прв пат интернационалната награда „ Автомобил на годината “.

Неговата помлада сестра, моделот 147 (што нe само што го споделувала стлски семејниот филинг, туку и основата, суспензијата и моторитe) стаса по неколку години, освојувајќи ја истата награда во 2001 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!