Storie Alfa Romeo, сeдма епизода – Револуција на форми и бои: модели 33 Stradale, Carabo и Montreal

Генијалност и сила, умеење и храброст при изборот на материјали, стил што ги комбинира технолошките иновации и креативноста: тоа се дизајнерските состојки на моделот Tipo 33. Дизајн создаден од натпреварувачки дух што дава живот на секоја креација на  Alfa Romeо. Истиот дух дал резултати во многу победи во трките и создаде две „неидентични близнаци“: модели 33 Stradale и Carabo 3.

-Моделот 33 Stradale е дизајниран од Франко Скаљоне, (Franco Scaglione) модел кој претставува синтеза на неговото техничко искуство и креативна храброст: ремек-дело во кое стилските иновации се комбинираат со потрагата по аеродинамиката и функционалноста.

-Бертонецот Марчело Гандинив(Marcello Gandini) го дизајнирал моделот Carabo, а неговите футуристички карактеристики и вниманието на бојата го прават автомобилот на иднината. Истото такво истражување на колоритот било  продолжено со моделот Montreal.

-Годинава се навршува 50-годишнина од моделот Montreal , што бил претставено во 1967 година во необична зелена боја, што претставува „најголемото достигнување на модерното човештво кога станува збор за автомобилите“.

Автомобил како симбол на  еден период

Светла како „очи“, предниот ладилник како „уста“, предниот дел како „лице“ – и секако, автомобил како „тело“ со „рамења“ и „колкови“ што ги следат контурите на калниците. Овие антропоморфни сличности сè уште се користат и денес. Како се случија, и зошто?

Првите автомобили беа „кочии без коњи“, без специјални украси. Почнувајќи од 1930 година, производителите на кочии (coachbuilders) -каросерии (име кое сè уште се користи и денес) станаа стручњаци за работа со метал-. Тие обликуваат метални плочи со рака, директно на дрвена рамка, правејќи навистина уникатни модели со заоблени, сензуални линии кои се чини дека се стремат кон органски идеал. Со развојот на индустриското производство, формите беа поедноставени, бидејќи опремата за изработка на обрасци од тие времиња не дозволуваше премногу софистицираност и тродимензионалност.

Во еден момент, кон крајот на 1960-тите, двете стилски инспирации значително се раздвоиле. Разликата помеѓу „антропоморфниот автомобил“ и „автомобилот на утрешнината“ е јасно претставена во моделите 33 Stradale и Carabo – два модела на Alfa Romeo кои се изработени на истата техничка основа.

Базирани врз иста платформа

Моделите 33 Stradale и Carabo 33 веќе не можеа да се поврзуваат. Едниот бил сиот во нерви и жили, како спортист среде натпревар; другиот, сиот во прави линии и агли, со цел да се погоди суштината на мобилноста и да ја поведе во иднината. Тоа не биле само две толкувања, тие биле два различни света.

Заедничката техничка основа на овие автомобили е синтеза на 50-годишно искуство од трките на марката Alfa Romeo. Генијално и темелно планирање, вештина и храброст при изборот на материјали, стил што ги комбинира технолошките иновации и креативноста: ова беа дизајнерските компоненти на моделот Tipo 33.

Желба за натпреварување

Сето ова произлегува од желбата за натпреварување, што никогаш не исчезнала.

Во 1964 година, Џузепе Лураги (Giuseppe Luraghi) – тогашниот претседател на Alfa Romeо – сметал дека е време за официјално враќање. За да го рестартира тркачкиот тим, тој ја купи Autodelta, компанија од градот Удине што веќе биле привилегиран партнер во производството на TZ.

Заедно со Autodeltа, Карло Чити(Carlo Chiti)  – кој работел во фабриката во Портело од 1952 до 1957 година – исто така се врати во Alfa Romeo, станувајќи лидер на официјалниот тим.

Истата година започна Проектот 33. Лураги побара од неговиот тим да направи автомобил кој ќе може да се натпреварува со „тогашните класи“ за постигнување на успех во јавноста и за медиумско внимание: на Светскиот шампионат за спортските автомобили и временски ограничени трки.

 

Autodelta

Кон средината на 1960-тите години, Autodelta се пресели во Settimo Milanese – поблиску до фабриката на Alfa Romeo, но пред сè, поблиску до тест-патеката Балоко (Balocco).

Првата рамка на Tipo 33 дизајнирана од Alfa Romeo пристигна во работилниците на Autodeltа во 1965 година. Имала асиметричен „Н” облик на цевката, изработена од алуминиумски легура, со интегрирани резервоари за гориво. На предната плоча, структурата од магнезиум обезбедува оптимална поддршка за предната суспензија, ладилникот, системи за вртење и педалите.

Единицата за моторот и оската е поставена надолжно во централна положба во задниот дел. Каросеријата е направена од фиберглас, со цел да се ограничи вкупната тежина на автомобилот на 600 кг – минималната пропишана тежина. Уште еднаш, супер малата маса било тајното оружје на Alfa Romeо.

Победа на светските шампионати на тркачки модели 1975 и 1977 година

Кратки периоди на развој беа нереални за ваков амбициозен (и иновативен) проект. Ќе поминат скоро две години пред 33 да биде подготвени за трки. За првите тестови, автомобилот е опремен со четири цилиндричен мотор со зафатнина од 1.570 cm³ од моделот TZ2; во меѓувреме, развиен е комплетно нов мотор, со осумцилиндри во конфигурација на латинската буква „V“, со капацитет од два литри и моќност од 230 КС, во моментот на неговото појавување.

Првиот 33 што настапил на трка го имаше прекарот Periscopica, поради отвор за воздух што се отвора над заштитниот кафез. Времески ограничените трки во Флерон (Fléron), во близина на Лиеж (Liège), се избрани за нејзиното прво претставување. Возачот, бил главниот возач за тестирање во Autodelta, Теодоро Зеколи (Teodoro Zeccoli).

По години на внимателни подготовки, 33 влегол во светот на натпреварувачкиот мото – спорт на 12 март 1967 година и веднаш почнал да ниже победи во долгата серија на победи на најпрестижните патеки. Оваа серија победи, вклучувајќи ги и оние на Светскиот шампионат за тркачки модели во 1975 година, го прави Моделот 33 светски лидер

Аристократ од Фиренца кој сакал да биде дизајнер

Кога Alfa Romeo одлучил да го произведе Model 33 во екстремно мали количини за одредени лица, морал да му даде нов изглед што ќе го донесе спортскиот карактер на моделот на јавните патишта. Проектот му бил доверен на Френк Скаљоне.

Скаљоне е роден во Фиренца како дете на древно аристократско семејство, студирал аеронаутичко инженерство сè додека не бил испратен во војска. Потоа отпатувал за либискиот фронт и бил  заробен во Тобрук. Се вратил во Италија кон крајот на 1946 година.

Одлучувајќи да не ги продолжи студиите, тој избра да стане дизајнер на автомобили: најпрво со Пинин Фарина (Pinin Farinа), потоа кај Бертоне (Bertone), за подоцна да работа и хонорарно.

Скаљоне ги вклучил сите свои технички знаења и креативна смелост во дизајнот на моделот 33 Stradale, а резултатот бил ремек-дело во кое иновацијата се спојува со тежнеењето кон аеродинамичноста и функционалноста.

Модел 33 Stradale

Хаубата на 33 Stradale се отвора целосно за да овозможи полесен пристап до механичките компоненти. За прв пат во автомобил на кој му било дозволено да се вози на улиците, вратата „ elytra“,  била со висина помала од 1 метар, и го олеснила влегувањето во возилото. Единствените разлики помеѓу тркачката верзија се продолжувањето на меѓуоскиното растојание за 10 см и челичната рамка наместо алуминиумската.

Моторот е ист како и во моделот Tipo 33 и е изработен целосно од алуминиум и магнезиумски легури, со индиректно механичко вбризгување и на суво- dry-sump подмачкување. Дистрибуцијата се изведува со двојна брегасто вратило поставена над моторот, со два вентили и две свеќички по цилиндар. Во таков лесен автомобил, неговите 230 КС значеа дека може да достигне максимална брзина од 260 км/ч, и да има забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,5 секунди.

Премиера во Moncа

Автомобилот официјално беше претставен во 1967 година на Салонот за автомобили во Торино, но беше неколку недели претходно е покажан на публика од експерти. На 10 септември 1967 година, во Монца се одржа Гран при на Италија – деветтото коло на Светскиот шампионат во Формула 1. Тој ГП беше запаметен по епскиот пресврт што го извел Џими Кларк против Џек Брабам – и заради дебито на еден од најубавите спортски автомобили досега направени. Кога се појави, 33 Stradale бил најскапиот спортски автомобил на пазарот, а во тоа време беше продаден по цена од скоро 10 милиони италијански лири, во споредба со 6-7 милиони, што била цената на нејзините најпрестижни ривали.

Биле произведени само 12 модели со каросерија изработена од Скалjоне. Нивните сопственици тогаш направиле најголеми инвестиции во нивните животи: денес тие се скоро непроценливи

Автомобил – вселенски брод

Моделот 33 Stradale го отелотворува концептот на „антропоморфниот автомобил“. Сепак, потрагата по стил исто така го однесе Alfa Romeo во други насоки. Идејата за „автомобил на иднината“, аналогна на вселенски брод, се појави во 1950-тите благодарение на дизајнот на Disco Volante (летечка чинија) изработена од Touring:  плод на напредно аеродинамично истражување, со странични заоблени браници споени со ниско, мазно тело на автомобилот.

„Автомобилот од соништата“ беше претставен на Саемот за автомобили во Париз во 1968 година и ја претставуваше еволуцијата на радикалната идеја: моделот Carabo, кој   го дизајнирал Марчело Гандини, кој  работел за Bartone, во тоа време имал само 30 години..

Неидентичен близнак: модел Carabo

Carabo се заснова на механиката на 33 Stradale, што исто така го користеле други дизајнери за уникатни модели како што се Iguana на Џорџето Џиуџаро (Giorgetto Giugiaro), 33 Special Coupé, Cuneo- Pinina Farine и Navajo на Bertone. Висината била иста, но облите линии исчезнаа. Сè во моделот Carabo имало  остри црти, од дизајн на клин, до врата во стил на „ножици“. Името Carabo е инспирирано од Carabus auratus инсект со метална боја. Истите бои се користат за каросеријата на автомобилот: светло зелена боја со портокалови детали. Оттогаш, Alfa Romeo почнал да посветува особено внимание на екстравагантните бои и специјалните техники на боење, за да ја истакне уште повеќе уникатноста на брендот. Истото испитување со бои продолжи и со моделот Montreal.

Модел Montreal

Во 1967 година, народите ширум светот ги презентираа своите најголеми технички и научни достигнувања на Меѓународната и универзална изложба (International and Universal Exposition) во Монтреал.

Од марката Alfa Romeo беше побарано да го дизајнира технолошкиот симбол на ова експо – модел што ќе ги претстави „највисоките цели на современиот човек кога станува збор за автомобилите“.

Сата Пулига (Sata Puliga) и Бусо (Buso) побарале помош од Бертоне, кој го задолжил Ганди да го дизајнира изгледот и ентериерите.

Резултатот бил извонреден успех. Посетителите од Северна Америка многу ја ценеле елеганцијата и содржината на автомобилот.

Со јавно одобрување, беше развиена стандардна верзија, која беше промовирана на Саемот за автомобили во Женева во 1970 година.

За разлика од оригиналниот концепт, овој модел Montreal имал мотор V8 базиран на оној од моделот Tipo 33, со зголемен капацитет од 2,6 литри, и ограничена на 200 КС.

Моделот е импресивен поради неговата извонредна палета на бои, и пастелни и металик: од зелена (претходно користена за претставување на автомобили) до сребрена, и од портокалова до златна боја.

Истражувањето на колоритот е традиција на марката Alfa Romeo, на која ќе се вратиме во идните епизоди на овие приказни.

Истата традиција продолжува и денес, во новата понудена на палетата на бои: Red Villa d’Este, Ocher GT Junior и Montreal Green.

Тие нијанси се инспирирани од 110-годишната историја на марката, а се посветени на некои од најпознатите модели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!