Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

IONITY ја има најголемата мрежа на станици за полнење со високи перформанси во Европа, достапна за повеќето електрични возила…

Ова заедничко вложување веќе ги проширува своите планови за понатамошно проширување. До 2025 година, бројот на станици за полнење се очекува да се зголеми од сегашните 400 на повеќе од 1.000. Тоа ќе резултира со зголемување на бројот на полначи за приближно 7.000 единици, што е речиси пет пати повеќе од сегашните 1.500.

Мрежата IONITY користи европски стандард за полнење, Комбиниран систем за полнење ( Combined Charging System – CCS). Технологијата (800 V) на овие станици за полнење значи дека мрежата може да се користи за полнење на Porsche Tycan до неговиот целосен потенцијал од 270 kW. Со користење на  постојките за полнење на Porsche (Porsche Charging Service), возачите на Tycan ја имаат предноста на стандардизирани и значително намалени цени на станиците за брзо полнење IONITY; моментално 0,33 ЕУР за KWh.

„Гледаме јасно зголемување на развојот на електро – мобилноста и поврзаната инфраструктура за полнење со високи перформанси. Очекуваме дека 50% од сите автомобили што Porschе ќе ги испорача до крајот на 2025 година ширум светот ќе бидат целосно или делумно електрични модели – до крајот на деценијата и повеќе од 80%.

Со инвестирање во IONITY, ние испраќаме важен сигнал до нашите клиенти, што треба да го подигне патувањето со електричен автомобил на повисоко ниво на удобност и удобност“, вели Оливер Блуме (Oliver Blume), претседател на Извршниот одбор на Porsche AG.

Акционери на IONITY засега се BMW Group, Mercedes-Benz AG, Ford Motor Company, Hyundai Motors и KIA, Volkswagen Group вклучувајќи ги Audi и Porsche и наскоро инвестициската компанија Blackrock.

IONITY Strategy 2.0: поголема мрежа која нуди значително повисоко ниво на употребливост

Покрај европските автопати, станици за полнење IONITY ќе се градат во близина на главните градови и покрај фреквентните автопати.

Овие идни локации ќе бидат покриени со 6 до 12 станици за полнење. Дополнително, постојните станици покрај патиштата со голема потреба за полнење ќе бидат опремени со дополнителни полначи.

Како составен дел на водечкиот Oasis концепт IONITY има за цел значително да ги подобри севкупните удобности и услуги.

За да успее во ова, компанијата има намера да обезбеди соодветни земјишни површини за да постави паркови за полнење со придружни угостителски услуги и слични продавници.

Сервис за полнење на Porsche (Porsche Charging Service) со речиси 200.000 специјални полначи

Porsche Charging Service им овозможува на возачите пристап до станиците за полнење во сопственост на различни провајдери, вклучувајќи го и IONITY.

Во моментов има речиси 200.000 поврзани полначи во Европа, распоредени во 20 земји. Меѓу нив, инсталирани се приближно 6.500 полначи со капацитет на полнење од повеќе од 50 kW DC.

Централното плаќање се врши преку Porsche. Покрај постоечката мрежа IONITY, во Porsche планираат да постави свои станици за брзо полнење вдолж најважните транспортни рути низ Европа.

Преку програмата Porsche Destination Charging, клиентите можат бесплатно да ги полнат своите електрични или plug-in хибридни модели на Porsche на најпопуларните локации.

Програмата во моментов обезбедува повеќе од 2.700 AC полначи во повеќе од 70 земји, вклучувајќи одредени хотели, ресторани, аеродроми, трговски центри, спортски клубови и пристаништа.

Понатамошното проширување на мрежата е во полн замав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept