Стразбург со забрана за дизел возила веќе од 2028

Францускиот град Стразбур, еден од административните седишта на EU, најавидека ќе забрани употреба на дизел возила во урбаната област во наредните години…

Градските власти на главниот град на регионот Алзас објавија амбициозен план во врска со отстранување на автомобили кои испуштаат многу штетни гасови од улиците.

Според презентираната стратегија, дизелите ќе бидат „протерани“ најдоцна до 2028 година, иако „зелените“ во градското собрание бараа тоа да се направи порано – веќе до 2025 година!

Стразбур има 33 општини и водачите на некои од нив веќе изразија загриженост за најавените драстични мерки.

Мерките сè уште не се презентирани пред градскиот парламент, кој треба да гласа за идниот проект.

Доколку градското собрание со свето гласање ја одобри стратегијата, тогаш таа ќе започне да се спроведува веќе следната година.

Замислено е дека дизелите и бензините возила полека се исфрлаат од градот, сето тоа врз основа на која норма на емисија ги исполнуваат.

Така, прво ќе биде забрането користење на многу стари дизели, кое ќе започне на 1 јануари 2022 година.

Властите ќе остават периодот на навикнување за населението и нема да се наплатуваат казни за употреба на такви возила до 2023 година.

Потоа, поновите дизел модели постепено ќе бидат протерани, а најдоцна до 2028 година, тие целосно ќе исчезнат од улиците.

Стразбур не е првиот град во Франција што најавува вакви мерки.

Имено, Лион го стори истото на крајот на минатата година, а голем број градови во Европа им прават друштво.

Очигледно е дека демонизацијата на дизелот ги дава посакуваните резултати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили