Subaru co crossover на струја веќе во првите години на декадата!

Во јуни минатата 2019 година Toyota и Subaru соопштија дека со заеднички сили ќе развиваат потполно елетричен автомобил- crossover, и тоа на новата платформа што ќе ја користат и некои други, идни, модели на двата брнда …

Во меѓувреме се лиферувани и некои други детали и неолку фотографии што го покажуваат прототип н crossover воилото во верзија на Subaru.

Првиот лектричен crossover што ќе ја користи новта платформа ќе биде возило од C сегментот, a као што во моментов стојт работите на пазарот може да се очекува во првите години на штотуку почнатата деценија.

Овој нов електричен crossover ќе се продава и под значката на Тoyotа и под значката на Subaru, но при тоа нивниот меѓусебен визуелен стајлинг ќе биде различен.

Инаку, првиот електричен crossover ќе има погон на сите четири тркала, при што се подвлекува дека за тоа се задолжени тимовит експрти од Subaru, додека пак стручњаците од Toyota ќе се грижат за електричниот погонски систем.

Исто така, Subaru би можел својата верзија да ја понуди и со хибриден погонски систем и тоа во комбинација со новиот турбо бнзински агрегат со четири цилиндри и работен волумен од 1,8- литри, што исто таа е најавен од компаниите..

Покрај crossover моделот од C сегментот, новата платформа ќе се користи и за седан автомобилот од C сегментот (тоа воедно значи дека треба да очекуваме и елетричен седан автомобил со големина на Corollа, односно на Imprezа), но исто така и за SUV модделите и седдан изведбите од повисокиот D сегмент, со големина каква имаат Toyota Camrya, односно Subaru Legacy.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KIA со помош на Rimac подготвува електричен автомобил

VW со супер брзи полначи за EV за кои не е потребна посебна инфраструктура

Lexus EЅ со камери наместо ретровизори

Automechanika Франкфурт и APRA Europe промовираат нов одржлив тренд- префабрикување!

Porsche Cayman GT4 и Boxster Spyder наскоро  со автоматски менуач!

Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Новиот VW Passat пристигнува 2021 или 2022 и тоа на струја!

Volvo и  Varjo  со прва употреба на мешана реалност за развој на автомобили !

Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала