Subaru Impreza 22B STi продаден за 226.000 долари

Subaru произведе неколку различни верзии на Impreza WRX STi во минатото, но ниту една толку посакувана или скапа како 22B…

Јапонскиот производител го разви 22B за да ја прослави својата трета последователна титула во WRC, како и 40-годишнината. Само 424 примероци излегоа од производната линија, а секој од нив е обоен во World Rally Blue и содржи голем број уникатни компоненти што го разликуваат од другите STi верзии. Еден од нив е фактот дека 22B е произведен исклучиво како модел со две врати.

Примерокот што беше продадена на аукцијата е 135-та произведена од вкупно 400 што беа наменети за јапонскиот пазар. Беше увезен во САД во јуни 2021 година, а новиот сопственик сега издвоил 226.000 долари за него.

Автомобилот има 17-инчни BBS бандажи во златна боја, фабрички Bilstein амортизери, јаглероден стабилизатор и помоќни сопирачки. Предната суспензија, решетката и пумпата за серво волан беа соголени, расклопени и проверени оваа година, а моторот исто така беше целосно сервисиран претходно оваа година за да се одржи во врвна состојба.

Станува збор за 2,2-литарски четирицилиндричен мотор со турбо полнач, кој развива 280 КС и 363 Nm вртежен момент.

Автомобилот поминал околу 186.000 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Opel Astra G 25 години на автомобилската сцена

ExoMod Dodge Challenger SRT Hellcat

Volkswagen планирал Golf со V10 мотор!

Asprey Bugatti Egg Collection

Lexus LC Ultimate Edition

DS покажува како би можел да изгледа реинкарнацијата на летечкиот Citroen DS

Novitec Lamborghini Aventador Ultimae Roadster

Легендарниот „дедо’ на BMW Series7

Citroën DS автмобилска икона полна генијални иновации!