Производителот на автомобили од Јапонија Subaru ги потроши последните две години во реорганизација на своите корпоративни операции за да се подготви за децениската електрификација…
Јапонскиот производител на автомобили планира 40% од својата глобална продажба да биде електрифицирани возила до крајот на оваа деценија, поточни до 2030 година и за таа цел изгради нов центар за истражување и развој во својата главна фабрика во јапонската префектура Гунма.
Во овој поглед, извршниот директор на компанијата Томоми Накамура еднаш рекол: „Врз основа на тоа како пазарот го прифаќа новиот Solterra EV, можеме да планираме кои соодноси (50-60 проценти) треба да ги насочиме за електричните возила и хибридите“.
Automotive News сега објави дека шефот за корпоративно планирање на Subaru, Томоаки Емори, им рекол на аналитичарите дека најновиот план за електрификација ќе вклучува и „хибриди и електрични возила“ за американскиот пазар до 2025 година. Тој додал дека особено за САД, „ќе има да понуди неколку нови модели во линијата на електрични возила“.
Производите кои би можеле да се најдат на пазарот до 2025 година ќе бидат заеднички проекти на Subaru и Тојyotа; Solterra е верзија на Subaru на Toyota bZ4X и се произведува во фабриката на Toyota.
Се смета дека ќе поминат уште три или четири години пред Subaru да може да произведе свои електрични возила во погоните на неговата фабрика што се наоѓа во Гунма.
Резултат на соработка ќе бидат и хибридите, а првите резултати се очекуваат со шестата генерација на Subaru Forester.
Во Subaru велат дека ќе ја искористи хибридната технологија на Toyota „во средината на 2020-тите“, а гласините од крајот на 2021 година велат дека новиот вагон (караван) би можел да добие plug-in хибридна сила од Toyota RAV4 Prime.
По “Шумарот“ (Forester) следуваат и други новитети, но не се знае кои и по кој редослед.
Би требало да знаеме повеќе кога Subaru ќе ја претстави својата модифицирана карта за електрификација некаде ова лето.