Subaru WRX S4 STI Sport #

Subaru, за јапонскиот пазар, го подготви WRX S4 STI Sport # , поостра верзија на WRX S4 STI Sport…

Пакетот вклучува, меѓу другото, црн преден спојлер, црни ретровизори, спојлер на багажникот, спортски издувен систем, тркала со големина  од 18-инчна, со фелни од алуминиум (исто така во црна боја), STI пружини и амортизери, спортски седишта Recaro, блескави црни детали во ентериерот …

S

Под хаубата е 2.0-литарски Boxer мотор со моќност од 300КС и 400 Nm максимален  вртежен момент, во комбинација со CVT менувач и со погон на сите четири тркала.

Серијата е ограничена на само 500 примероци, а цената во Јапонија е 4.741.000 јени (39.015 евра).

Не се сомневаме дека целата серија брзо ќе пламне бидејќи колекционерите и вљубениците на марката одамна покажаа голем интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горивата продолжуваат да поскапуваат

Почина лeгeндарниот Макс Мозли

McLaren во специјално издание во Монако

Властите во САД ги повикуваат граѓаните да не паничат и да не складираат бензин во пластични кеси!

Mitsubishi го оживува Ralliart брендот и се враќа во мотоспортот

Сензационалниот Малинковски до 5.место на „Словакиа ринг“

Тренески најдобар од македонските „твинговци“ на „Словакиа Ринг“

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со настап на SLOVAKIA RING

Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021