Судиите му помогнаа на Ал Атиах да ја освои петтата етапа на Дакар 2022

Четвртата етапа на релито Дакар 2022 му припадна на Насер Ал-Атијах, но дури откако победникот Јазид Ал-Раџи беше казнет од судиите на натреварот со најголеми предизвици…

И четвртата етапа од релито Дакар 2022 година им припадна на возачите на тимот на Toyota Garo Racing, поточно на Насер Ал-Атијах (Nasser Al-Attiyah), но дури по интервенцијата од судиите, односно, откако возачот кој прв мина низ целта беше казнет.

Имено, најдоброто време на четвртата етапа го постигна Јазид Ал-Раџи (Yazeed Al-Rajhi) возејќи Toyota Hilux за тимот Toyota Overdrive. На неговото време за брзо возење во зоната за бавно возење му се додадени две минути брзо возење.

Благодарение на фактот што првопласираните се приближија до целта на многу кратко растојание, Јазид Ал-Раџи ја заврши четвртата етапа на релито Дакар 2022 на четвртото место.

Победата автоматски му припадна на Насер Ал-Атијах, возачот на фабричкиот тим Toyota Gazoo Racing.

Второто место повторно го обезбеди Себастиен Леб (Sebastien Loeb) во BRX Hunter, додека третото место му припадна на Јасир Сејдан (Yasir Seidan), кој вози за тимот на X-Rad Mini JVC. Петтата позиција му припадна на Карлос Саинз (Carlos Sainz) во Audi RS Q e-tron, додека Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel) повторно имаше голема штета на својот Audi, откако по еден скок го скрши амортизерот.

Во генералниот пласман во конкуренција на автомобили, Ал-Атијах има прилично мирна ситуација на врвот на табелата, бидејќи моментално најголемиот конкурент Леб заостанува речиси 40 минути, а третопласираниот Ал-Раџи заостанува речиси 50 минути

Поз.   Бр,                                Возач/совозач                  Тим                                  Време

 

1        201(                         Qat) Nasser Al-Attyah

(And) Matthieu Baumel     Toyota Gazoo Racing        13h 26′ 02”

2        211                           (Fra) Sebastien Loeb

(Bel) Fabian Lurquin          Bahrain Raid Xtreme         14h 04′ 07”

+ 00h 38′ 05”

3        205                           (Sau) Yazeed Al Rajhi

(Gbr) Michael Orr           Overdrive Toyota                   14h 15′ 17”

+ 00h 49′ 15”

Со мотоциклисти повторно нови возачи на чело на редот на етапата. Првата етапна победа оваа година му припадна на фабричкиот возач на тимот Monster Energy Honda, шпанскиот возач Жоан Бареди Борт (Joanu Barredi Bortu), второто место му припадна на нивниот тимски колега Кинтанили (Qintanilli), кој заврши со разлика од 3′:27 “.

Трет најбрз беше Порториканецот Руи Гонкалвес, кој (Rui Goncalves) вози за тимот Sherco Factory, кој по вкупно 707 километри заврши со 6′ 59′ заостанување.

Лидер во генералниот пласман остана Британецот Сем Сандерленд (Sam Sunderland), кој вози за тимот на Gas Gas, но тешко дека има право да се опушти. Второпласираниот Матијас Вокнер (Matthias Walkner), возач на КТМ, заостанува само три минути, а третопласираниот Адриен Ван Беверен (Adrien Van Beveren) е возач на Јамаха со доцнење од само 4 “54”.

 

Поз.   Бр.               Возач                          Тим                                       Време

 

1        3        (Gbr) Sam Sunderland       GasGas Facriry Raci.            15h 30′ 01”

2        52      (Aut) Matthias Walkner      Rwd Bull KTM Fac.Rac.     15h 33′ 01”

+ 00h 03′ 00”

3        42      (Fra) Adrien Van Beveren  Monster Energy Yamaha   15h 34′ 55”

+ 00h 04′ 54”

Во конкуренција на камиони повторно прашање е кој возач и екипаж ќе победи, но не и во кој камион. Победата во четвртата етапа ја однесе Едуард Николаев со својата екипа, пред Антон Шибалов кој заостана 3′:35′ и Дмитриј Сотников кој целта ја мина со разлика од 5′:35.

 

Сите три екипажи се во камионите Kamaz – Master.

Во генералниот поредок, Сотников сè уште води во конкуренцијата со својата екипа и има предност од 6′:10” пред својот тимски колега Николаев, додека третопласираниот Шибалов заостанува повеќе од 25 минути.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati ќе настапи во формула Е во сезоната 2022-23

Hyundai i20 N WRC

„Кармејкерите“ поради пандемијата имат 210 милијарди долари загуби

По 12 етапи и над 8.000 километри низ пустина заврши Дакар Рели 2022

Audi со четвртата етапна победа докажа дека „апсолвира“ на Дакар рели!

Легендата на Дакар Рели дојде до првата етапна победа во годинешното издание

Dakar Rally 2022 одбележан со Toyota што ги освои сите места на подиумот

Audi на осмата етапа покажа дека созрева во сериозен играч на Дакар

Себастијан Леб ја потврди шампионската класа