Супер автомобил од Финска Tritium

Компанијата Tritium Automotive. Од Финска, најавува дека кон средината на јуни тековната 2020 година на Top Marques саемот во Монте Карло ќе изложи прототип на нивниот електричен супер автомобил…

Во Кусата вест е наведено дека во конструкцијата се употребени јаглеродни влакна и композитни материјали, како и дека автомобилот ќе располага со моќ од 680KS и автономија возење од 300 км.

Од Tritium Automotive наведуваат дека секој клиент ќе може по свој вкус да ја персонализира внатрешност на својот примерок, што значи од едноставниот мотор-спорт кокпит, а се до луксузен ентериер  во стил на скапоцените јахти.

Ексклузивноста е дополнително зголемена со информацијата дека ќе бидат направени само 11 примероци  од овој автомобил, при што секој е чини најмалку 1,1 милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување

Кампери на три тркала 4.900 долари

BMW M4 ‘ракета’ од Минхен со 510 KС за 3,4 до 100 км/ч!

VW со виртуелна изведба на штандот од откажаниот Салонот во Женева

Уловен Facelift на редизајнираниот Fiat Tipo

VW Camper Van со преку 5.000 КС