McLaren и Pendry Residences West Hollywood ги здружија силите за да изградат уникатна и единствена Супер Гаража, што има и супер цена, подобро речено астрономска…
Производителот на супер спортски автомобили од В. Британија McLaren заедно со Pendry Residences претстави ексклузивен комфор за среќник кој ќе се одлучи да го купи луксузниот пентхаус на два ката познат како Terrace Estate 608, каде гаражата зафаќа површина од 160 квадратни метри.
Наречена The Show Room, гаражата во себе има бања и простор за пет различни возила, а како бонус дизајнерски, купувачот ќе може да ја персонализира гаражата по свој вкус, што ја вклучува и „опцијата да се креира ултимативна McLaren гаража дизајнирана од EYRC Architecture во соработка со McLaren Automotive“.
И додека гаражата е подобна за персонализирање и прилагодување, рендерите најавуваат дека може да има и кружен изложбен простор за да уживате во уникатната колекција на автомобили, заедно со простор за седење и забава, како и стилскиот бар, во склоп на гаражата.
Гаражата е споена со домот преку приватен лифт, а резиденцијата се протега на површина од 280 квадратни метри и содржи три соби, три бањи и огромна тераса.
Резиденцијата и гаражата се продаваат во пакет за 13,5 милиони евра, што голема сума, но купувачот ќе добие и едногодишен лизинг на McLaren 765LT.
Автомобилот не останува трајно во сопственост на купувачот на гаражата, од McLaren потенцираат дека „само 765 вакви модели ќе бидат достапни на глобално ниво, а годинешното производство е веќе распродадено, со што пристапот до овој модел е навистина несекојдневно и ексклузивна можност за еден автомобилски ентузијаст да додаде нешто мошне специјално во својата колекција“.
Автомобилскиот производител исто така додава и McLaren Senna електричен детски автомобил во целиот пакет.