Верувале или не: Lamborghini Murcielago споделел некои компоненти со Seat Alhambrа и Renault Espace…
Првиот ден од 2001 година го означи почетокот на нов век и нов милениум. Таа година го означи и почетокот на новата ера за Lamborghini со воведувањето на Murcielago, сега под капата на Volkswagen Group. Но, дали знаевте дека Lamborghini Murcielago делеше делови со Alhambra на Seat и Renault Espace? Никогаш не би помислиле, а не да речеме дека такво нешто е возможно…
Lamborghini Murcielago, всушност, беше првиот модел на италијанската марка откако концернот Volkswagen ја презеде контролата врз компанијата кон крајот на 1990-тите. Моделот исто така беше и замена за моделот Diablo и последниот автомобил од Сант’Агата (Sant‘Agatа) кој го користеше легендарниот V12 агрегат што е дизајниран во за автомобилската индустрија, делечни 1960-те години од инженерот Џото Бизарини )Giottо Bizzarini).
Но, освен моторот и бројните ексклузивни компоненти, Murcielago вклучуваше и некои, да речеме, „понормални“ делови, кои доаѓаат од попристапни возила, како во самата групација VW, така и од други. Примери има многу и можеби ќе ве изненадат, пренесуваат светските информативни агенции.
На пример, прекинувачот на рачката што ги вклучува трепкачите е еден од нив, а е преземен од моделите на Alfa Romeo од доцните 1990-ти, како што се 164 или Spider. Електричните прозорци се исто така позајмени од друга италијанска марка и директен конкурент – Ferrari. Тие делови, произведени од Bosch, веќе беа користени во Ferrari F355 и 360 Modena. Исто така со производителот на супер спортски автомобили од Модена, го делеше и моторот за климатизација, произведен од Spal.
Компресорот за клима уредот може да се најде во камионот Kenworth T800, па дури и во некои градежни машини на Caterpillar. Варијанта со супер полнач (super charger) може да се најде и во втората генерација на мини-ван моделот Renault Espace од средината на 1990-те години.
На надворешноста на автомобилот наоѓаме уште една компонента која потекнува од по – примитивни корени: триаголните трепкачи првично се појавија на првата генерација на Ford Focus.
Овие странични индикатори беа ажурирани со различни светилки со текот на времето, но тие секогаш имаа иста форма. Сите овие електрични компоненти се поддржани од алтернатор на Bosch кој првично се појави како опција на Volkswagen Transporter. Овој алтернатор се користеше и во Seat Alhambra од 1995 до 2000 година. Конечно, лежиштата се позајмени од разни Audi и Volkswagen модели, почнувајќи од R8, па се до Phaeton…