Супер спортист на струја – Lister Storm II

Компанијата Lister Motor Company, од Велика Британија, уште пред две години најави дека ќе претстави супер спортски автомобил – Storm II, наследник на некогашниот модел Storm од 1993 година…

Во меѓувреме, соопштени се и неколку нови и интересни детали за овој електричен „спортист“.

Пред се Storm II ќе биде потполно електричен супер автомобил, иако во овој момент конкретни детали за погонскиот систем не се соопштени.

Во неколку претходни информации во кои се наведени претходните планови на Компанијата било предвидено, помеѓу другото, дека  овој супр спортист ќе биде движен од бензински мотор со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од 7,8-литри, што со помош на компресор испорачува моќ од околу 1000KS., позајмен од  Jaguar, со филигранско дотерување на експертите од Lister Motor Company.

Но ао и да е, Storm II би требало да супериорни перформанси: Забрзување од 0 до 60 милји на час (96 km/h) за помалку од три секунди и да постигнува максимална брзина од 250 милји (402 km/h).

Најверојатно, од Lister Motor Company ќе понудат, порај тркачката и верзија хомологирана за возење по отворени – јавни патишта , но и за двете верзии, тврдат, дека ќе бидат строго ограничени во бројот на произведените примероци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Се планира и спортски Volkswagen ID.

Nissan switch сервис: Секој ден возиш друг автомобил!

Polestar Precept concept пристигнува во Женева 2020

Aiways U6ion concept во Женева

Bentley Continental GT Cabrio by Mulliner врв на луксуз со отворен покрив!

Renault Morphoz concept автономна електрична иднината на  Французите

На Palexpo 2020 и Dacia со концепт на струја!

Над половина милион нарачки за електричниот pick-up на Tesla