Superb IV генерација во 2021 ќе биде премиум Škoda

Станува Über-Passat B9, влегува во дуел со Audi A6 и Mercedes-Benzom E-class, а ќе стартува со благо хибриден турбо бензински мотор – 1.5 TSI/150 KS и сепак, се уште со турбо дизел – 2.0 TDI/163 KS

Преубав, прекрасен, блескав, величествен…,  се некои од значењата на англискиот збор  superb, кој воедно е име на најголемиот модел на Škodа, чиј актуелен модел е реално трета, a всушност четврта генерација на нај претставителниот модел на Чесите.

Имено, првиот, изворен модел Škodа Superb се произведувал од 1934, до 1942 година и се споредувал со најдобрите на пазаротм дури и со Mercedes, a кариерата му ја елиминирана Втората светска војна.

Повторно родениот модел , под капата на Volkswagen, официјално е првиот нов Superb, серија 3U, на сцената се појавил во 2001 година, како 10 cm продолжена верзија на Volkswagen Passat.

Со себе ги понесе сите доблести на германската лимузина во D сегментот, a го елиминира најголемиот проблем на тогашниот Passat – предни зглобови во форма на кугла.

Вториот модел (3T) стаса како зголемена редизајнирана верзија на Passat B6 (со поскладна форма како лимузина, одошто како караван,  a третиот,се уште актуелниот модел 3V, први е поставен на растегнатата MQB платформа и изведен е од Passat B8.

Наскоро, на пазарот ќе стаса и подновената редизајнирана верзија на актуелниот Superb.

Третманот од Ботокс“ пред летото тековната 2019 година ќе го добие и Passat B8.

Какои да е тоа е подготовка за пристигање на целосно новиот Passat B9, што би требало на пазарот да се појави на почетокот на 2021 година, a кон крајот на таа година би требало да се запознаеме и со Škodа Superb од четвртата генерација.

Изграден врз унапредената MQB L (продолжена) платформа со зголемено учество на челик со висока  (HTS) и ултра висока (UHTS) цврстина, ќе биде збогатен со сите hi-tech гаџети, a бидејќи ќе порасен во должина на 4.9 m и официјално ќе влезе во високата средна класа.

Погонската палета мотори ќе стартува, кај бензинците, со новиот турбо мотор со работен волумен од 1.5-литри, со ознака TSI, во блага хибридна верзија  со две изведби на моќ, со 150 и со 180 KS, a значајна улога ќе има и новиот турбо дизел мотор 2.0 TDI, што на сцената треба да стаса во текот на наредната 2020 година.

И двата мотора ќе бидат во согласност со нормите EU6d, што на сила стапуваат во јануари 2021 година.

Помоќниот бензинец ќе биде  2.0 TSI, достапен во распон на моќ до 280 KS. Сите верзии, освен основните, ќе располагаат со автоматски менувач на брзини, со двојна спојка и со седум степени на пренос на силата, a најмоќните верзии ќе бидат опремени и со погона на сите четири тркала 4×4 со Haldex спојка.

Покрај изведба на каросерија во форма на лимузина, во понуда ќе биде и караван – Combi верзија, со рекорден капацитет на багажникот во класата.

И на крајот, но не и помалку важно, ќе има брилијантни резултати на Euro-NCAP  тестот.

Тоа значи дека од Škoda ни пристига одличен претставник во сите сегменти, вистински премиум играч – во Über- класа.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Fiat тивко, без голема помпа подготвува освежување на својата гама

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производството поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

BMW M8 MotoGP Safety Car

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!