Suzuki GSX-R1000 наскоро во нови издание 

Доколку им се верува на достапните информации, Suzuki GSX-R1000 може да очекува ажурирање во следната производна година…

Актуелната генерација е на пазарот веќе пет години, со две освежувања, па сосема е логично што јапонската компанија смета дека е време да се пополни нова варијанта на популарниот супер мотор.

 

Останува да се види колку големи ќе бидат промените, но може да се слушне дека новиот мотоцикл е дел од плановите на Suzuki да се врати во шампионатот на WSBK.

И покрај успесите во MotoGP, забележливо е отсуството на Suzuki од класата заснована врз сериски производни модели.

 

Suzuki GSX-R1000 можеби не е рангиран толку високо како неговите пазарни ривали од Европа и Јапонија, но литарскиот мотоцикл носи исклучително агресивна цена, особено кога станува збор за неговите перформанси.

Она што го очекуваме е примена на оваа формула, со тоа што GSX-R1000 ќе може да има основен модел и верзија со висока спецификација.

 

Сепак очекуваме хомологација на Euro5 во верзијата 2022 година, поголема моќност и конечно може да видиме како мотоциклот испорачува над 200 КС. Планиран е поцврст пакет за електроника, што е уште еден аспект во кој GSX-R1000 засега заостанува зад своите ривали.

Новата варијанта на популарната јапонска машина можеше да се види за прв пат на еден од есенските саеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KTM RC 8C распродаден за пет минути!

Yamaha карбон неутрална до 2050

BMW CE 04 нова страница во урбаната мобилност на иднината на две тркала

BMW планира A2 верзија на R18

BMW S 1000 RR во специјално издание Isle of Man

KTM 450 Rally Factory Replica

Lancia освојува со електричен скутер!

Suzuki подготвува ривл на Yamaha R7

MV Agusta подготвена за епски подвиг и влез во „Гинисовата книга на рекорди“