Suzuki и Toyota заеднички прават електричен SUV

Suzuki работи на нов целосно електричен модел кој треба да се појави до 2025 година во Индија.

Моделот ќе се базира на нова архитектура наменета за електрични возила, која е заедничко дело на Suzuki и Toyota.

Овој потег ќе ја прошири соработката меѓу производителите на автомобили кои веќе споделуваат технологија и модели во различни делови на светот.

Засега нема многу детали, но новата платформа би можела да биде основа за серија возила.

Првиот модел, кој треба да дебитира во 2025 година, најверојатно ќе пристигне во форма на SUV.

Ова би ја проширило гамата на SUV возила на Suzuki, а истовремено би ги задоволило потребите на пошироката група на купувачи.

Тоyotа би можела да понуди и своја верзија, се разбира со малку поинаков стил.

Suzuki неодамна најави инвестиција од 1,37 милијарди долари за производство на електрични возила во Гуџарат, Индија, покажувајќи дека сака да стане важен играч на овој пазар.

Прогнозите сугерираат дека пазарот на електрични возила во Индија би можел да порасне на повеќе од 150 милијарди долари до 2030 година, вклучувајќи автомобили и мотоцикли, што ги натера производителите на автомобили да брзаат да се приклучат на борбата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi планира да ги рециклира оштетените прозорци во нови во серијата Q4 e-tron

Нова Opel Astra Electric

Tesla Semi целосно натоварен сп еднополнење минал 800 км!

Низ сообраќајниците во Сеул почнале да сообраќаат автономни автобуси

Jeep Renegade станува потполно електричен во Европа

Ford и Volkswagen ги затвораат одделите за автономно возење

Alfa Romeo Giulia и Stelvio прескокнуваат хибридизација и директно одат на електрични наследници

Hyundai IONIQ 6 First Edition во серија од само 2.500 примероци

Audi патентира систем за автоматско гаснење на пожар во електричен автомобил