Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Најновите патенти на Suzuki покажуваат во која насока би можела да оди иднината на компанијата, барем кога станува збор за нивните креации на две тркала…

Имено, неодамна откриените патенти на реномираниот производител покажуваат хибриден мотоцикл!

Ова не е револуционерна идеја, бидејќи таков концепт го разгледувале студиите на Kawasaki и на Yamaha, но сепак се истакнува.

Причината е модуларен пристап кон изградбата на мотоцикли.

Во „целосен” електричен режим, машината има голема батерија лоцирана каде што би се наоѓала единицата за внатрешно согорување.

Значи, во тој режим имаме комплетно електричен мотор, кој ја добива целата своја моќност од батеријата.

Алтернативниот начин за изработка може да се види од скиците, каде гледаме мал мотор со внатрешно согорување каде стоела  голема батерија.

Во овој режим, имаме бензински-електричен хибрид, бидејќи самата бензинска единица сега функционира како генератор на електричниот мотор.

Самите скици не откриваат дали промената на режимот  може да се направи дома, или е можно само на производните линии.

Сепак, патентите покажуваат дека Suzuki е сериозен во користењето на двата пристапа.

Многу од овие скици го покажуваат основниот дизајн на мотоциклот, што изгледа како цртежи на десетгодишник, а причината е фактот дека тие се фокусирани на технологијата на самиот погон на две тркала, а не на неговиот изглед.

Во тие скици, дизајнот на машината е детализиран и детален и многу сличен на концептот на Suzuki Crosscage, прикажан пред неколку години.

Иако Crosscage беше водороден концепт и ништо повеќе од стилска вежба, но во овој случај се наведува на помисла дека јапонската компанија веќе има подготвен прототип.

Нивото на детали е високо, па забележливо е и делот каде што се придружуваат двете половини на рамот.

Како и да е, ќе почекаме пред да ја видиме новата машина во живо.

Intermot, EICMA и Саемот во Токио се откажани, така што ќе мора да бидеме трпеливи до втората половина на наредната 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MV Agusta Superveloce 800 цени и спецификации

Пристигнува нова Honda CBR600RR

Honda Motocompo, електричен скутер како измислен за урбаната џунгла на асфалтот!

Електричен EMX мотокрос од Холандија

Подготвуваат ли во BMW враќање на C1

КТМ со нов електричен скутер !?

Xiaomi го најави новиот Ninebot C30 скутер на струја

Honda CB-F концепт  наскоро во производство?

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч