Suzuki подготвува Katana со помала зафатнина!

Враќањето на Suzki Katanа  на големата сцена, наскоро би можело да донесе нова верзија, со работна зафатнина на агрегатот од само 125 кубни сантиметри!!!.

Реакциите на враќањето на Katana, на EICMA саемот минатата 2018 година беа повеќе од позитивни, но со својот агрегат од 999 “кубика“ овој мотоцикл е навистина осамен во гамата на компанијата од Јапонија.

Но тоа, наскоро, би можело да се промени.

Имено, како што пишува специјализираниот магазин од  Јапонија – Young Machine, компанијата од Хамачу , веќе на големо работи на варијантите на Katanа со помала работна зафатнина, што со себе би донеле neo-retro дизајн што љубителите на две тркала многу го сакаат, но на компактна платформа.

Како што Katana се базира врз  GSX-S1000, така, помалата варијанта, на наводно 125Rмотоциклот би била базирана врз GSX-S125 мотоциклот.

Според достапните извори, моделот ќе биде наменет исклучиво за домашниот јапонски пазар.

Сепак, како што GSX-S125 мотоциклот е достапен во Европа, новата Katana 125R би имала позиции да се постави и тоа со голем успех во понудата на Јапонците на Стариот континент.

Сите знаат дека во Suzuki одлуките тешко се менуваат, но без оглед на тоа дали таков модел би стасал до нашата страна на светот, ќе помине уште многу време додека истиот се најде во продажните салони и на сообраќајниците

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4