Suzuki подготвува ривл на Yamaha R7

Со своето пристигнување на пазарот, Yamaha YZF-R7 привлече големо внимание, не само кај љубителите на мотоцикли, туку и кај неговите ривали на пазарот…

Новиот R7 им се придружи на моделите како што се Aprilia RS660 и Honda CBR650R во сегментот на спортски мотоцикли од средна големина. Машината се напојува од истата единица CP2 што се вградува и во MT-07.

Со 73 КС и 67 Nm максимален вртежен момент на располагање , R7 брзо привлече млади и нови возачи ширум светот.

Suzuki порано блескаше и гореше со својот SV650, чии најголеми адути во продажбата беа прифатлива цена и леснотија на одржување – фактори кои им се допаднаа и на новите и на искусните возачи.

Со доаѓањето на R7, ситуацијата полека се вжештува, па пристигнува веста дека компанијата од Хамамацу го планира својот нов претставник во сегментот, чиј главен конкурент би бил машината нa Yamaha .

Доколку им се верува на достапните информации, Suzuki подготвува оклоп за SV650 со цел да го направи економски прифатлива спортски фокусирана машина.

Сè уште нема информации за тоа колку компанијата ќе треба да го подготви овој проект за сериско производство, но имајќи предвид дека во 2022 година ќе имаме нова линија на модели (составена од новите GSX-S1000, GSX-S950, GSX-R1000 и GSX-S1000T), можеби има место и за SV650.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие

Ducati 860 E-Concept

Malaguti подготвува сосема нов модел – Drakon