Suzuki слави 100 години постоење

На 15 март 1920 година е основана компанијата Suzuki, што од производство за разбои за ткаење израсна во, денес, многу успешен дел од автомобилската и индустријата на мотоцикли, но исто така и во значаен учесник во мото спортот…

Мичио Сузуки не можел ниту да претпостави, па дури ниту да насети во што ќе израсне неговата компанија, чиј вистински успех и ерупција почнал по Втората светска војна, за до 1954 година од производител на разбои за текстилната индустрија, Suzuki да зачекори во автомобилскиот сектор.

Во официјалното соопштение на компанијата од Јапонија поврзано со овој јубилеј, а што е потпишано од челниците на Suzui, Осами и Тошихиро Сузуки помеѓу другото е наведено и:„Годинава прославуваме важен јубилеј: 100 години на постоење. На 15 март 1920 година, Мичио Сузуки ја започнал оваа успешна приказна, a од тогаш минавме огромен пат, од изработка на разбои, до производство на мотоцикли, автомобили, агрегати, ATV возила и уште многу што, прилагодувајќи го нашето работење кон трендовите на домашниот и на глобалниот пазар.”

„Овој 100-ти роденден на компанијата истовремено е и голем успех за сите вработени, а во текот на овој еден век на постоење,се трудевме да работиме во согласност со филозофијата на Мичио Сузики, а тоа значи – да се фокусираме на муштериите.”

„Пред нас се нови 100  години, период во кој ќе се посветиме на постигнување на уште поголеми успеси и подобри резултати во деловното работење. А со подршката од страна на нашите купувачи, u во тоа и ќе успееме”, стои во официјалното соопштеније на индустрискиот гигант од Јапонија.

Кога глобалната пандемија предизвикана од ковит вирусот – COVID-19 ќе биде готова, се надеваме дека дизајнерите и конструкторите на оваа јапонска компанија ќе подготват и некој специјален модел, или барем серија на актуелните, за адекватно да го одбележат овој историски значаенмомент за нив но и за светската автомобилска и мото индустрија.

А вљубениците во модерните гладијатори на две тркаласе надеваат и на што поскоро стартување на MotoGP сезоната, за да можат да уживаат во графиката на GSX-RR, што во моментов е убедливо најубава во премиерната класа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување

Кампери на три тркала 4.900 долари

BMW M4 ‘ракета’ од Минхен со 510 KС за 3,4 до 100 км/ч!

VW со виртуелна изведба на штандот од откажаниот Салонот во Женева

Уловен Facelift на редизајнираниот Fiat Tipo

VW Camper Van со преку 5.000 КС