Suzuki Vision Gran Turismo Concept

Suzuki го прикажува Vision Gran Turismo, нов концепт со отворен покрив со две седишта, што за жал нема да се најде во продажбата бидејќи е наменет за глобално популарната видео игра Gran Turismo 7…

Vision Gran Turismo е спортски автомобил со мотор поставен напред и погон на сите тркала, придвижуван од иновативен хибриден погон кој комбинира технологија и од одделот за мотоцикли и од одделот за автомобил на овој јапонски производител и истиот е достапен за гејмерите.

Vision Gran Turismo е придвижуван од истиот бензински мотор, со работен волумен од 1,3-литри, со  четири цилиндри, со моќ од 190 КС што го има кај мотоциклот Hayabusa.

Моторот е поврзан со три електромотори кои ја зголемуваат вкупната моќност до 432 КС при 9.700 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент е 610 Nm.

Со тежина од само 970 килограми, концептот беше развиен со користење на „најсовремена технологија за слабеење“.

Надворешниот дизајн на Vision GT изгледа инспириран од Swift Sport, додека внатрешноста привлекува внимание со новиот волан опкружен со два екрани кои прикажуваат слика од две дигитални надворешни ретровизори.

Иако овој концепт нема да стигне до серискиот автомобил, тој покажува теми кои би можеле да влезат во моделите на Suzuki во иднината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По речиси две децении Audi нема да ги спонзорира „кралевите“ од Мадрид ги „истурка“ BMW

Новиот Cadillac Celestiq ќе биде поскап за 30% од Bentley Flying Spur

Тркачки Porsche

Најчувствителен лак имаат автомобилите со црвена боја

Електричниот Mercedes Vision EQXX со едно полнење поминал 1.202 km!

Во Volkswagen сметаат на „ќумур“ за да го заштитат производството

Почна склопување на поедноставни Lada Niva Legend и Lada Niva Travel

Tesla заборавен на постојката за полнење EV – сопственикот заминал на одмор!

VW Air дебитира утре- 27 јуни