Свечена спектакуларна промоција на новиот Range Rover Evoque  во Скопје!

Вчеравечер, во срцето на Скопје, со современ динамички перформанс, пред бројната публика од вљубеници во брендот, преставници од бизнисот и од социалната сфера, премиерно беше претставен комплетно новиот Range Rover Evoque, луксузен компактен SUV, создаден за градот и надвор од него

Во урбана, модерна атмосфера, пред широк аудиториум, вљубеници во британската премиум марка и пријатели на „Аутомобили Груп“, вниманието на гостите беше комплетно задржано на сцената со најновата креација од Land Rover.

Новиот Range Rover Evoque го постави Скопје рамо до рамо со светските метрополи и ги освои присутните веќе со својата појава.

Во чекор со новото време, дизајниран е да ја задржи својата доминација со нова технологија и технички иновации кои првпат се вградуваат во SUV сегментоти асоцираат на поголемите модели од гамата на Range Rover.

Создаден е за да се вртат по него, со префинетост и софистицираност што досега не се видени кај луксузен компактен SUV.

Со раскошни природни материјали во внатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност.

Новиот Evoque, како и сите возила на Land Rover, е создаден да одговори на мотото – Above and Beyond – да се биде над сè во сѐ и повеќе од тоа, да се оди подалеку.

Во официјалниот дел од програмата на присутните гости им се обрати врвниот менаџмент од компанијата за да ги претстави деталите за овој урбан SUV, кој со својот стил го обзеде и нашиот град.

За повеќе информации за новиот RangeRoverEvoque посетете го салонoт на „Аутомобили Груп“ или страницата macedonia.landrover.com

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производство поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS

Infiniti Edition 30 во чест на три деценискиот јубилеј на марката