Светска премиера на IAA: Opel е првиот производител на автомобили со електрично рели возило

ADAC Opel e-Rally Cup: Првиот светски рели-куп за електрични возила на новиот електричен автомобил со батерии базиран на Corsa-e, доработен во насока на добрата соработка на Opel и ADAC и нивното успешно партнерство и продолжување на спортската традиција на Opel со освоено седум европски и еден светски шампионат во рели…

Opel е првиот производител на автомобили во светот што нуди целосно електрично возило на батерии за рели трки. Електричниот натпреварувачки автомобил е базиран на Opel Corsa-e, кој веќе е достапен за нарачка и ќе ја има својата светска премиера на меѓународниот автомобилски саем IAA Франкфурт (отворени денови од 12 до 22 септември). Во 2020 година, Opel и ADAC ќе го започнат ADAC Opel e-Rally Cup, првиот брендиран рели-куп за електрични автомобили во светот.

Со новата серија, Opel и ADAC продолжуваат со успешното партнерство. Во изминатите години, ADAC Opel Rallye Cup беше совршен билет за собирање на околу 100 млади возачи од 18 земји. Најбрзиот ги покажува своите таленти на меѓународно ниво во тимот на ADAC Opel Junior Rallye. Јуниорите на Opel го освоија Европскиот шампионат четири пати едно по друго (од 2015 до 2018 година) со Opel ADAM R2. Новата Opel Corsa-e сега го заменува ADAM на рели етапите. Новиот натпреварувачки автомобил произведува 100kW (136 КС) и развива 260 Nm вртежен момент.

Corsa-e е електричен автомобил за секого – целосно прилагодена на секојдневната употреба и апсолутно прифатлива, атрибути што подеднакво важат и за моторспортот. Новата Corsa е исто така забавна за возење и особено динамична. Користејќи ги сериските возила како основа, ние сме првиот производител на автомобили во светот што развивме електричен автомобил за рели трки“, вели Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel.

Херман Томжик, претседател ADAC Sport, додаде: „Со ADAC Opel e-Rally Cup, ние за првпат електричен погон го вклучуваме во спортот, а особено за поддршка на младите возачи. Иновативниот концепт и соработката со Groupe PSA отвора нови можности за нас, особено во поддршката на младите возачи. Сигурен сум дека ADAC Opel e-Rally Cup ќе го постави патот кон моторспортот далеку надвор од границите на Германија“.

Првично, ADAC Opel e-Rally Cup ќе се одржи за време на трките на германскиот шампионат во рели и на други избрани настани. Серијата треба да почне во летото 2020 година. Најмалку десет квалификациски рунди до 2021 година ќе формираат таканаречена „Супер сезона“. Пирамидата на поддршка за младите возачи е дел од концептот, која предвидува и ново издание на успешната академија ADAC Opel Rallye, основана во 2016 година, како прво ниво. Во тоа време, повеќе од 1.000 млади го покажаа својот интерес за уникатниот „кастинг за рели“, што водеше директно до ADAC Opel Rallye Cup за најталентираните учесници. Овој успешен концепт ќе биде продолжен и проширен во врвниот меѓународен ешалон на овој спорт.

Во следниот чекор по дипломирањето на академијата и ADAC Opel e-Rally Cup, најдобрите млади возачи ќе напредуваат на Европското јуниорско рели (Europena Junior Rally Championship) со новата Opel Corsa R2. Интеграцијата на Opel во Groupe PSA нуди дополнителни можности за врвните таленти: сестринската марка Peugeot се натпреварува со моќни машини FIA R5, а Citroеn дури и со светски рели автомобили, што е одлична можност за издигнување до највисоко ниво на меѓународен рели спорт.

Opel има традиционално силни врски со релито“, вели Лохшелер. „Можеме да се гордееме на бројните успеси, вклучително и седум титули  европски шампион, како и Светското првенство во рели во 1982 година со Волтер Рерл и Кристијан Геистарфер во Opel Ascona 400. Сега напредуваме со електричен погон и навивачите ќе бидат воодушевени со настапот на нашиот рели автомобил“.

Развој на Opel Corsa-e Rally во Риселхајм продолжува со брзо темпо. Петнаесет автомобили се планирани за 2020/2021 сезона во ADAC Opel e-Rally Cup. Цената за ваков подготвен автомобил за користење од Opel Motorsport ќе биде значително помала од 50.000 € (нето).

Opel Corsa-e Rally Technical Data

Electric motor:           Synchronous

Power:            100 kW (136 hp)

Torque:          260 Nm

Battery:           Lithium-ion, 50 kWh

Transmission:           Front-wheel drive with Torsen differential

Suspension: Rally suspension

McPherson strut with uniball joints front

Wheels:         7 x 17; ET20

Steering:        Electric power steering

Brakes:           4-piston brake calipers

Interior ventilated 332×28-mm front discs, 264×12-mm rear discs Hydraulic brake pressure adjustable at rear, especially adapted for recuperation

Adapted brake management and recuperation Hydraulic “fly-off” handbrake

Chassis:        Lightweight body-in-white with integrated roll-cage Underbody protection for engine and transmission

Electric fire extinguisher, dry battery (standard in engine compartment) Quick-release fasteners for bonnet and tailgate

Electrical system: ESP, traction control (TC) and ABS deactivated Motorsport display with data-logger

Newly developed high-voltage (HV) safety warning system Optional: Tripmaster & additional lighting

Dimensions: Length: 4,060 mm

Width: 1,770 mm (5.0 mm wider than production) Height: 1,440 mm (5.0 mm higher than production Wheelbase: 2,540 mm (2.0 mm longer than production)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвената униформа и Шумахер – повторно заедно!

Porsche го претстави 99X Electric за Formula E

Натпреварувањето во Twingo Cup продолжи со трката на Ушќе

Франкфурт 2019-Светска премиера на прв рели тркач на струја: Corsa- e Rally

BMW M8 MotoGP Safety Car

Lamborghini на “ниет“ за влез во нова hyper класа на Le Mans!

Audi ќе ја збогати палетата на RS модели со шест новитети

Во Renault F1 болидот за тековната сезона галопираат над 1.000 КС

Хет-трик на Мартин Делев на TWINGO CUP