SYM EF3 претстави електричен скутер

Повеќе од шест децении, SYM е посветен на производство на безбедни, удобни и еколошки скутери и мотоцикли, во кои можат да уживаат клиентите ширум светот, а истата пракса продолжува и со нивниот нов пулен, малиот скутер на струја…

Електричните возила се sвезди во подем, кога станува збор за сегментот на транспорт во урбани услови а со нивната се поголема автономија се наметнуваат како најпаметна солуција за индивидуална мобилност во метрополите.

Како одговор на ерата на развој на „зелените“ креации на две тркала, реномираниот производител го претставува новиот EF3, кој е безбедно и еколошко превозно средство.

Интегрираното ветробранско стакло не само што му дава компактен изглед на скутерот, туку му овозможува и возење во неповолни временски услови.

Исто така, архитектурата со три тркала резултира во поголем простор за багаж и подобра стабилност при возењето.

Таквото концептуално решение е исклучително корисна опција, особено кога станува збор за комерцијалниот аспект на овој скутер.

Постои и електрично огледало, кое му овозможува на возачот поголема видливост при возење.

Последица на тоа е дека така наречените „мртви агли“ се забележуваат во реално време и резултираат во поголема безбедност.

Исто така треба да се потенцира дека скутерот EF3 користи алуминиумски батерии, кои имаат можност за брзо полнење и безбедно складирање на енергија.

Со користење на технологија за брзо полнење, времето потребно за полнење на батеријата до „врвот“ значително се намалува

SYM EF3 –  спецификации:

Тип на мотор: електричен

Максимална моќ: 2,3 kW

Максимална брзина: 45 km/h

Батерии: 48 V, 20 Ah, 2 парчиња

Време на полнење: 4~5C (100A): 15 мин.

Автономија: 60 km

Димензии: 2.034 / 729 / 1.845 mm

Растојание помеѓу оските: 1.380 mm

Маса: 180 kg

Предно потпирање: телескопско

Задно потпирање: RELIS

Преден пневматик: 120/70-14

Заден Пневматик: 120/80-14

Предна сопирачка: диск

Задна сопирачка: диск

На крајот за цената.

Од компанијата се уште не излегле со дефинитивни пресметки за тоа колку ќе чини ова еколошко возило на две тркала.

Дури откако истата ќе биде дефинирана, тогаш и ќе бидат познати и пазарните цели на електричниот скутер, како и неговите шанси за глобална популарност, дури и на пазарите со пониска платежна моќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во Милано доби засилување на две тркала

Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

Ducati го произведе 350.000-от Monster

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R

BMW Motorrad Definition CE 04