T.50 во производство!

Супер автомобилот T.50 од GMA (Gordon Murray Automotive) и официјално се произведува….

За погонот се грижи атмосферски мотор, бензинец со 12 цилиндри кои се поставени во форма на латинската букв V што е изработен од страна на  Cosworth. Во вестите меѓу другото се наведува и дека споменатиот мотор ќе може да се врти се до 12.100 вртежи во минута, како и тоа дека ќе располага со моќ од 650 КС.

Менувачот е мануелен Xtrac со шест брзини, додека погонот е на задните тркала. Тркалата се нормално со големини од 19 и 20 инчи, „обуени“ во гуми Michelin Pilot Sport 4 S, додека за запирање се грижат сопирачките со карбон-керамички дискови со димензии од 370 mm напред и 340 mm назад.

T.50 е долг 4380 mm и широк 1850 mm и во кабината има место за тројца патници (возачкото седиште е централно поставено како McLaren F1), два дигитални екрани, волан од карбонски влакна и аудио систем со 10 звучници. Благодарение на неговата лесна конструкција од јаглеродни влакна, T.50 тежи само 986 ​​kg.

Внимание привлекуваат и LED светлата, стаклениот покрив, отворот за воздух на покривот, задниот дифузор и вратите што се отвораат. Планот е да се произведе ограничена серија од само 100 примероци, и тоа по цена од 2,36 милиони фунти по примерок (без данок).

Откако ќе заврши производството на патните (цивилни) автомобили, ќе биде направена серија од само 25 примероци што строго ќе бидат наменети за тркаката патека именувани по Ники Лауда (Niki Lauda).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

Ducati отворен за развој на мали електрични мотоцикли

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива