Tata е чекор поблиску до отворање фабрика за батерии за електронски возила во Велика Британија

Индискиот производител на автомобили  Tata се очекува да објави дека ја избрал Велика Британија да изгради фабрика за батерии за електрични возила (EV), изјави извор запознаен со ова прашање, што е победа за автомобилската индустрија во земјата со оглед на тоа колку е жестока глобалната конкуренција.

Татa избра помеѓу Сомерсет во југозападниот дел на Англија и Шпанија, како локација од каде што ќе ги снабдува со батерии  Jaguar и Land Rover .

Владиниот портпарол одби да ги коментира тековните комерцијални преговори, додека Тата одби да го коментира извештајот, пренесува Reuters. Имаше шпекулации за тоа каде Тата, конгломерат со интереси во софтвер, челик, автомобили и авиокомпании, ќе ја изгради фабриката.

Градењето фабрики со оваа намена е голема победа за Британија, која се обидува да ја достигне глобалната трка за производство на литиумски батерии кои се од суштинско значење за производството на се попопуларни електрични возила.

Велика Британија изрази загриженост поради американскиот закон за намалување на инфлацијата, кој ветува стотици милијарди долари субвенции за зелените индустрии, а министерот за финансии на Велика Британија Џереми Хант (Jeremy Hunt)  изјави дека владата нема големи суми пари за слични мерки.

Домашното производство на батерии, исто така, ќе им помогне на производителите на автомобили во Обединетото Кралство да се усогласат со трговските правила по Брегзит, кои ќе бараат од нив да набавуваат повеќе компоненти за електрични возила локално за да избегнат царини за трговијата меѓу Обединетото Кралство и Европската унија од 2024 година.

Владата претходно соопшти дека е во преговори со ЕУ за олеснување на тие правила, откако автомобилскиот гигант Stellantis предупреди дека ќе биде принуден да затвори фабрики со губење на илјадници работни места доколку се соочи со царини.

BBC објави дека владата ќе обезбеди субвенции во вредност од стотици милиони фунти за Таtа.

„Одлуката на JLR (Jaguar Land Rover, дел од Tata Motors од 2008 година) да инвестира во производство на батерии во Велика Британија е многу добредојдена. Сепак, сакаме да размислиме за пакетот субвенции што е потребен за да се донесе оваа одлука“, рече Дарен Џонс (Darren Jones), претседател на парламентарната деловна комисија.

Изборот на Таtа за Велика Британија, исто така, ќе даде поттик за владата на Риши Сунак (Rishi Sunak), која вети дека ќе ја развие економијата и постави серија „нула“ цели, вклучително и забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили од 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Dacia Duster без дизел мотор!

Urban SUV Concept на Toyota

Дали правилно го подготвив те вашиот автомобил за зимата?

Електричниот Hyundai Ioniq 6 е избран за шкотски автомобил на годината

Kia EV9 финалист во изборот за Европски автомобил на годината

Peugeot 208 Rallye

Вашиот автомобил ве шпионира!?

Потресна исповед на директорот на  Volkswagen 

Mercedes го сели производството на SUV моселот EQS од САД во Германија?