Tesla Cybertruck – pick –up на струја за примамлива цена од 39.990 долари!

Илон Маск пред неколку часа на настан во Калифорнија го претстави долгонајавуваниот пикап модел, под името Cybertruck што во стартната верзија има навистина атрактива цена ако се има во предвид дека говориме за камионет од иднината…

Вредеше чекањето долго седим години бидејќи новиот Cybertruck доаѓа со екстремно футуристички изглед., за атрактивен електричен pick -up со импресивен габарит: должина од 5.885 mm, ширина од 2.027 mm и 1.905 mm висина, при што располага со места за седење на шест патници, а просторот за товарање зад кабината е долг дури два метри.

За време на презентацијата Маск не ја покажа внатрешноста на електричниот пикап, но компанијата објави слика, на која може да се забележи дека кабината на пикапот е со уште поминималистички дизајн од сите досегашни модели на Tesla.

Два реда по три седишта, огромниот екран на допир во средината и управувач со Knight Rider дизајн, е она со што се карактеризира концептот, аикао, најверојатно футуристичкиот волан нема да остане во сериската – производна верзија.

Она со кое Tesla особено се гордее, се перформансите на својот нов Cybertruck. Како и се друго кај овој модел, така и тие се „out-of-this-world“, па така забрзувањето до 96 km/h е за време помало од 3 секунди.

Таквата коаталација на електриќниот pic-up пикап нуди и прилично високa aвтономија на возење со едно полнење на батериите до  800 km, a достигнува топ брзина од 209 km/h.

Оваа топ изведба ќе чини убави  69.900 американски доалри, но достапни ќе бидат уште две верзии, основата Single Motor RWD Cybertruck со цена од 39.900 американски долари(што не е застршувачко па дури може да се рече и привлечно) , со автоомија на возење од повеќе од  400 km и забрзување од 0 до 96 km/h за 6,5 секунди, а варијантата на средно ниво, односно Dual Motor ќе чини 49.900 американски долари, а ќе понуди забрзување од 0 до 96 km/h за 4,5 секунди и автономија на возење поголем од 480 km.

Инаку, Tesla Cybertruck е изработен од монокок конструкција од не’рѓосувачки челик, а со цел да ја демонстрираат неговата издржливост, на презентацијата вработените на Tesla го тестираат моделот удирајќи го со чекан, фрлајќи метални топчиња во прозорците.

Но за време на презентацијата камионетот сепак покажа и слабости и тоа на стаклата.

Имено, за време на демонстрацијата на прозорците „што не можат да се скршат“  завршиле во крш!.

Хм, се чини дека сепак се уште има места за подобрувања и напредок“, рекол Маск.

Стартот е каде- каде понизок. Најевтината верзија со погон на задните тркала и автономија на возење со едно полнење на батериите од 400 km ќе се појави по конкурентна цена од 39.900 долари.

И на крајот нешто што не е помалку важно Маск нагласил дека овој камионет ќе биде управлив и брз како модел на Porsche, но ќе може да совладува и тешко пристапни терени.

Да почекаме и да се увериме во сите наведени шерформанси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche Design и Lucasfilm Ltd покажаа ѕвезден брод за следниот Star Wars

Peugeot 208 Rally4 со 210 КЅ мало пакување за „пеколно“уживање!

Наскоро и хибриден Fiat 500

Моделите на Abarth официјални возила на Автодромот Дубаи!

Alfa Romeo Giulia ќе има главна улога во новиот филм на Netflix

Ексклузивно: Новата  Mercedes-Benz GLA во чекор со дигиталните трендови

Новиот Jaguar XE и со ограничена едиција наречена Reims Edition

BMW M4 GT3 тркач од блиска иднина

Audi RS5 – освежениот освојувач на срца и крал на перформансите!