Tesla ги поскапи автомобилите во САД поради инфлација

Tesla повторно ги зголеми цените на сите свои модели на автомобили на домашниот пазар ширум државите членки на федерацијата Соединетите Американски Држави …

Тоа е последица на постојаните проблеми во глобалниот синџир на снабдување и зголемените цени на суровините, недостатоците на полу проводници и чипови.

Компанијата ја зголемува цената на моделот Y со долг дострел од 62.990 долари на 65.990 долари, откако некои испораки беа одложени за уште еден месец.

Зголемувањето од 5% се должи на поскапувањето на суровините за алуминиум и литиум кои се користат во автомобилите и батериите.

Производителите на автомобили мака мачат да набават чипови и други  елементи како што се на пример полу проводниците поради недостигот во целата индустрија.

Глобалната инвестициска банка Credit Suisse соопшти дека зголемувањето на цената во некои случаи претставува четврто поскапување во САД во 2022 година.

„Некои зголемувања на цените веројатно ќе ја намалат побарувачката на пазарот.

Исто така, Теslа сè уште има ограничувања во својата понуда, барем сега, за сега“.

Илон Маск (Elon Musk) претходно изјави дека литиумот е одговорен за зголемување на трошоците и дека тој е „ограничувачки фактор“ за растот на цените на ЕV.

Тој им предложи на производителите на автомобили да започнат бизнис со литиум.

Исто така, Rival Rivian Automotive ги зголеми цените за повеќе од 10.000 долари за нови нарачки за својот основен модел.

Главниот финансиски директор на Rivian, Клер Мекдона (Claire McDonough), за време на Глобалната автомобилска конференција на Deutsche Bank рекла дека клиентите се одлучуваат за најнапредните модели и покрај зголемувањето на цените.

Се очекува неколку производители на автомобили да им испорачаат EV на клиентите за прв пат во нивната трка да го стигнат (и престигнат) Tesla во услови на зголемена побарувачка.

Во последните недели Маск предупреди на ризикот од рецесија. Претходно овој месец, Маск рече дека има „супер лошо чувство“ за економијата и дека Теslа треба да отпушти 10 отсто од работниците.

Исто така се очекува, Маск, кој е во процес на купување на Twitter, наскоро да им се обрати на вработените во компанијата и да одговори на нивните прашања.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.