Засега, Американците сè уште ја имаат „привилегијата“ да нарачаат сопствен примерок на електричниот pick-up Cybertruck, што се уште не влегол во сериско производство…
Кога Илон Маск (Elon Musk) го претстави овој необичен електричен pick-up пред неколку години, 250.000 нарачки беа веднаш доставени за Cybertruck. Оттогаш, бројот постојано расте.
Во јуни 2020 година американскиот бренд потврди дека имаат 650.000 нарачки, а во мај минатата година се појави информација дека се стигнати дури еден милион резервирани примероци!
Новите гласини покажуваат дека Tesla сега има 1,5 милиони нарачани за Cybertruck единици, што е многу повеќе од она што Tesla ќе може да го произведе и испорача во догледна иднина.
Затоа, се чини логичен чекор да се спречат понатамошни нарачки од Европа и Кина, региони кои не се примарна цел за електричен pick up.
Да потсетиме, Cybertruck ќе се произведува исклучиво во фабрика во Тексас, а јасно е дека Tesla нема да може годишно да склопува повеќе од 100.000 единици од овој модел.
A и тоа е под големо прашање, бидејќи на фабриката ќе и треба малку време да се развие и да почне да функционира со полна брзина.
Кога ќе започне производството на Cybertruck?
Илон Маск на почетокот на годината потврди дека рокот е поместен за 2023 година.
Сепак, дури ни милијардерот не бил целосно сигурен дека тогаш ќе започне производството.
„Има многу проблеми во синџирот на снабдување на кои не можеме да влијаеме. „Се надевам дека првите примероци ќе излезат од фабриката на почетокот на следната година“, изјави Илон Маск.