Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск му даде на неговиот германски тим уште шест месеци да започне со производство во новата фабрика во близина на Берлин, прва гигафабрика во Европа, пишува германскиот неделник  Automobilwoche  повикувајќи се на извори од компанијата…

Портпаролката на Tesla одби да го коментира извештајот, повикувајќи се на минатомесечното официјално соопштение на производителот на автомобили, кое вели дека производство на локалитетот Груенхајд ( Gruenheide ) же започне кон крајот на  тековната 2021 година.

Првично, Tesla планирал да почне со производство на први јули оваа 2021 година, но бирократијата и плановите за изградба на фабрика за батерии го одложија проектот.

Минатиот месец,Tesla остро ги нападна долготрајните регулаторни процеси во најголемата европска економија, велејќи дека нејзината рамка за одобрување е „директно спротивна на итноста за планирање и спроведување на такви проекти кои се неопходни за борба против климатските промени“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили

Автономни возила веќе годинава на патиштата низ Б. Британија