Tesla годинава планира промоции на  pick- up и на crossover

Пред крајот на неделава ќе биде премиерата на новиот crossover на Teslа, односно на Model Y

Деновиве, од Елон Маск, газдата на Tesla пристигна и информација дека Tesla пред крајот на тековната 2019 година ќе има и премиера на својот pick – up модел.

За тој модел Маск, освен што ја потврдил премиерата, кажал и дека за некои би можел да биде „премногу футуристички ,“ но дека, пак, нему му е совршен!.

Во однос на  Model Y, премиерата би требало да биде овој четврток (14 март) , во дизајнерското студија на Teslа во Лос Анџелес.

За дополнителна најава на настанот од Teslа пристигна уште некој teaser на тој автомобил.

На сликата може да се види предниот крај на возилот што открива форма на предната светлосна група што се многу послични на тие на Model 3 отколку на тие кај поголемиот модел Model S, или пак, кај моделот X.

Понатаму, спротивно на претходните тизер фотографии од оваа се гледа дека возилото ќе биде опремено со традиционални надворешни ретровизори.

Во основа Model Y ќе биде влезниот  SUV на Teslа и помала верзија на Model X.

Кога неодамна ја потврди скорешната премиера Elon Musk кажал и дека Мodel Y ќе биде за 10-тина проценти поголем од Мodel 3 и по некоја логика ќе чини за 10% повеќе.

Според досегашните сознанија Model Y ќе споделува околу две третини од своите компоненти со Model 3.

Тоа ја вклучува платформата и погонскиот склоп, но поради поголемата маса и значително пониската аеродинамика на формата на каросерија новитетот ќе биде со за малку помала автономија на возење со едно полнење на батериите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS