Tesla ќе отповика 15.000 примероци на Model X

Во Tesla се соочуваат со нови проблеми, поточно со 15.000 проблеми, а најновото отповикување се однесува на Tesla Model X…

На вонреден сервис Tesla Motors ќе повика околу  15.000 сопственици на електричниот SUV – Model X.

Попрецизно со ова ново отповикување се опфатени 14.194 примероци на Tesla Model X пласирани на територијата на САД и уште 843 продадени на канадскиот пазар.

Сите единици се произведени во текот на 2016 година!

Тие ќе бидат повикани поради постоење на  можни проблеми во серво управувачот што може да откаже и да го отежни управувањето и може да предизвика сообраќајна несреќа, особено при влегување во свиоци.

Според американската организација за безбедност на автопат – NHTSA проблемот се однесува на шрафовите изработени од алуминиум  што го прицврстуваат  електричниот серво – механизам за управување, односно истиот може да кородира и да се скршат при возењето и да предизвика судар.

Имено, во таква ситуација се губи асистенцијата на серво управувачот и би можело да резултира со несакани инциденти на  Tesla Model X.

Во оваа информација се наведува и дека до сега нема пријавено судар предизвикан од тој недостаток, односно не е регистриран некој повреден.

Инаку ова не е прво повикување на вонреден сервис на Model X, што бил отповикан и кон рајот на 2017 година, поради опасност задните седишта сами да се преклопат при возњето!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lockout и понатаму предизвикува пад на продажбата во Европа

Најавен Volkswagen Taos

Во Европа 83, а кај нас 77 проценти од вкупниот патнички сообраќај е со автомобили

ЕУ ги заострува нормите за емисија на ЦО2 -до 2030 ќе ги намали двојно

Најавен нов Honda –EV concept

Објавен списокот на кандидати за Европски автомобил на годината 2021

Испорачани првите ID.3 до купувачите

Се почести шпекулации – идниот Peugeot 108 како crossover

Ново поевтинување на горивата