Tesla Model 3 добива конкурент од Geely

Глобалната автомобилска марка од Кина – Geely подготвува сериозна конкуренција на популарниот Tesla Model 3

Привлечна појава, на автомобил со кој кинескиот гигант ги најави големите амбициите да приграби голем дел од колачот на Tesla.

Во моментов Model 3 само се склопува во Кина, но се бараат патишта за локалозирање на производството.

Цената засега е повисока од 74.000 американски долари, што не е малку, а тоа му овозможува и го поттикнува  Geely на локалниот пазар да понуди адекватен одговор со поприфатлива цена.

Станува збор за моделот Geely GE11 кој изгледа футуристички, но сепак дизајнот одличен баланс на елегантната и спортската појава, а во некои делови кај автомобилот се насетува и помошта од  дизајнерскиот центар на Volvo што е дел од кинеската компанија.

– Интересни се рачките на вратите кои се вовлекуваат, а и тоа што недостасуваат непотребните лажни маски, додека димензиите на автомобилот се компактни: 4736 mm должина,  1804 mm ширина и 1503 mm висина, со растојание помеѓу оските од 2700 mm.

Футуристичкиот стил продолжува и во внатрешноста, со светлиот тапацир, огромниот монитор на мултимедијалниот систем….

Електричниот ривал на Тesla Model 3 од Кина е опремен со електромотор моќен 177 КС, а максималната брзина му е ограничена на 150 km/h.

Автомобилот е развиен врз нова платформа, специјално подготвенa да понесе електромотр и батерии.

Секако интересен податок е и дека коефициентот на отпор од 0,23 е за нијанса подобар од тој на Tesla Model 3 0,24.

Во сериско производство Geely GE11 влегува во крајот на првиот квартал на оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW одбележа голем успех – 10 милиони произведени стопански возила

Kia со концепт што пријатно ги изненади посетителите во Женева 2019

Во Женева промоција и на руската претседателска лимузина Aurus Senta

Piëch Mark Zero спортист на струја -Нова приказна на семејството Porsche

Alfa Romeo  спонзор на легендарната трка 1000 Miglia 2019!

Huracán Evo доаѓа во Женева

Fiat 500X на свеченоста на доделување на наградата GRAMMY 2019

Nissan со нов концепт во Женева 2019

Електричен Fiat Doblo