Tesla Model 3 стаса во Европа –испораките стартуваат идниот месец!

Најпродаваниот електричен автомобил во досегашната историја, Tesla Model 3, конечно доби одобрување за продажба на пазарите на земјите членки на Европската Унија (EU).

На купувачите во Европа ќе им биде понудена Long Range изведбата со помоќниот пакет на батерии, што, според наводите на производителот нуди автономија на возење со едно полнење од примамливи 500 km.

Се уште не се знае дали Tesla Model 3 за пазатите во EU во понуда ќе ја донесе и  Track Mode, изведбата, што овозможува перформанси на рамниште на Ferrari.

Тоа што на потенцијалните купувачи би можело да им биде пречкае скапото осигурување.

Имено, сопствениците во САД за годишна полиса за осигурување на автомобилот мораат да издојат повеќе од 2800 американски долари, што е речиси идентичен износ како и за Porsche 911.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот Porsche Taycan за 24 часа, на патеката Nardo поминал 3.425 km

Drako GTE електричен супер автомобил

Jaguar иницира кампања за промена на значењето не еден збор-Car

Audi Q4 e-tron нуди дури и персонализација на светлата

Најавен Bugatti инспириран од моделот EB110 SS

Во Кина – Роботи сообраќајци

Најмоќниот Porsche Cayenne е plug-in хибрид

Volvo размислува за проширување на SUV понудата

Superb поминал точно еден милион километри!