Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Кога Tesla го лансираше Model S Plaid, објави импресивна максимална брзина од 322 km/h, но, сопствениците на овој автомобил не можат толку да јурат, бидејќи тој е електронски ограничен на 262 km/h…

Сепак, оние на кои им треба „поголема брзина за уживање во набојот на адреналин, сигурно ќе бидат задоволни со новото ажурирање на софтверот, кое овозможува максимална брзина од 282 km/h.

Иако се уште е надвор од територијата на суперавтомобилот, оваа брзина е за почит.

Во неколку нови видеа, можете да го видите Model S Plaid со најновото OTA ажурирање, кое доаѓа со режимот „Track“.

Сепак, и без него, пуленот на Теslа ќе може да достигне 282 km/h.

Поставката Track според производителот, исклучува некои системи за помош на возачот и е наменета за употреба исклучиво на тркачката патека, со цел „да се доживее ненадмината изведба на многу различни локации“.

Што всушност прави режимот за Track?

Според достапните информации, ова е поставка што ги подобрува перформансите на склопот на погонот, откако ќе се активира поагресивното ладење на топлинската пумпа.

Подобрено е и векторирањето на вртежниот момент на трите електромотори со цел да се подобрат минувањата низ острите свиоци.

Покрај тоа, регенеративниот систем за сопирање враќа дополнителна енергија.

Промените на поставките за суспензија се исто така во игра кога е активиран режимот „Track“.

Во овој случај, телото автоматски се поставува на најниската положба, а приспособливите амортизери работат на минимизирање на навалувањето на телото и соодветно на подобрување на ракувањето.

По активирањето, се појавува посебен дисплеј, кој ги прикажува силите g, времето на круг, термичкиот мониторинг и телеметрија, со вклучена предна камера.

Што се однесува до прашањето зошто Model S Plaid се уште не смее да јури со брзини повисоки од 300 km/h, Теslа уште порано одговори дека се потребни подобри сопирачки.

Во приложеното видео можете да видите како автомобилот застанува по постигнување брзина од 282 km/h со стандардни сопирачки.

Јаглерод-керамичкиот сет од 20.000 долари е официјално најавен за средината на 2022 година, па за очекување е тогаш да се „отклучат“ максималните брзински потенцијали.

Производителот од Тексас минатата година рече дека само автомобилите опремени со опционални бандажи од 21 инчи Arachnid ќе можат да jурат толку брзо, што има смисла, бидејќи стандардните 19-инчни тркала се премногу мали за да се сместат поголеми дискови.

Дури и со ограничување од 282 km/h, Model S Plaid сè уште е значително побрз од Porsche Taycan Turbo S (260 km/h) и Lucid Air (270 km/h).

Ако парите не се проблем, а сакате побрз електричен автомобил, решението се гледа во Rimac Neveri, кој може да достигне цели 415 km/h.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept

Новиот Fiat 500 на CES 2022