Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Станува збор за Model S P85 на Tesla што деновиве, поточно на шести јануари помина точно 1,5 милиони километри …

Станува збор за автомобил кој во Германија го користи Хансјорг фон Геминген – Хорнберг (Hansjörg von Gemmingen – Hornberg), инаку, познат во светот на електричните автомобили по тоа што поминува рекорден број километри во автомобилите со значка на Теslа.

 

На 15 јули 2019 година има поминато 900.000 км (така покажувал одометарот на автомобилот), потоа на 28 ноември направил убава бројка од 1.000.000 км, а потоа на 15 октомври 2020 година поминати речиси 1.200.000 километри.

Како што може да се види, тој продолжил да поминува милји односно километри користејќи го автомобилот како такси.

Тој претходно возел модел Tesla Roadster со кој поминал повеќе од 620.000 километри.

Многумина вљубеници во автомобили и тоа не само тие во електрични, се прашуваа дали Model S сè уште ги користи првично инсталираните батерии и погонски единици.

Одговорот на нивните прашања е краток и гласи „не“.

Првата батерија почна да прави проблеми веќе по 290.000 изминати километри, па поради тоа била заменета бидејќи истата сè уште беше под гаранција.

Во Tesla се обидувале да откријат што е проблемот и поставиле замена која била користена половина година, а автомобилот поминал 150.000 километри со инсталираната заменска батерија.

По периодот на испитување била поставена и целосно нова батерија.

Кога станува збор за погонските единици, Tesla Model S P85 има еден електричен мотор кој ги придвижува тркала на задната оска.

Првите примероци на моделот имаа проблеми со голема моќност и вртежен момент, поради што моторот беше менуван неколку пати за да се создаде оптимален баланс.

До 680.000 изминати километри сменети се три мотори, а четвртиот електромотор го довезол автомобилот до 1.000.000 километри.

Дали после тоа имало уште промени се уште не е познато.

Имено, сопственикот, Хансјорг фон Геминген-Хорнберг објави само фотографија со нова „магична“ километража, без да додаде каков било коментар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Редок класичен Chevrolet Corvette

Pagani C10