Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

Нашиот startup со седиште во Мичиген, Our Next Energy (ONE), го спроведе првиот патен тест на својата технологија Gemini…

За испитот беше користен Tesla Model S (2021) со концептна батерија, способна да акумулира двојно поголем капацитет во споредба со оригиналната батерија на Tesla. Резултатот се отсликува со поминување 1.210 километри со едно полнење, пишуваат специјализираните портали.

Иако електричните автомобили се здобија со популарност во последниве години, тие сè уште заостануваат зад конвенционалните во однос на прифаќањето. Една од главните причини за тоа е ограничената автономија на движење, која ја предизвикува познатата „анксиозност“ кај возачите. Едно од решенијата што индустријата се обидува да ги имплементира е изградбата на повеќе станици за полнење.

Сепак, тоа значи често стоење и чекање во редици, што е нешто што никому не му се допаѓа. Се поставува и прашањето, што е со областите до кои инфраструктурата не стигнала? За да ги решат проблемите, компаниите работат на развој на батерии со поголем капацитет, што ќе им овозможи на електричните автомобили да патуваат на подолги растојанија. ОNE е веќе на вистинскиот пат.

Компанијата дошла до решение кое би можело да го реши проблемот со „анксиозноста“ предизвикана од ограничениот домет, а се работи за нова батерија која може да складира многу повеќе енергија.

Новата технологија неодамна беше демонстрирана со помош на Tesla Model S. На 17 декември, ONE користеше популарен електричен автомобил за тестирање на батеријата во реални услови на патиштата низ Мичиген. Модифицираниот Model S го доби прекарот Gemini 001, а наместо неговата оригинална батерија од 103 kWh, беше инсталирана единица Gemini од 203,7 kWh.

Иако може да акумулира повеќе енергија, батеријата ONE го зафаќа истиот простор како и стандардната. Моделот S се возел со просечна брзина од 88 km/h, поминувајќи вкупно 1.210 километри без полнење.

„Батеријата ONE Gemini има за цел да ја елиминира ограничената автономија како пречка за усвојување на електрични возила со удвојување на количината на енергија достапна во истиот простор“, рекол Муџиб Ијаз, основачот на startup компанијата ONE.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept

Новиот Fiat 500 на CES 2022