CYBERTRUCK со години доцни на пазарот, но Tesla очигледно не се откажува од развојот…
Досега, и покрај големите ветувања, Теslа покажа многу малку, а таа практика, се чини, се уште трае. Теslа на својот Тwitter профил објави видео од тестот за пад на Cybertruck, но повторно не покажа многу. Видеото е долго 37 секунди, покажува неколку различни тестови, но ниту еден од нив не доаѓа до судир.
Кога се ќе се собере, може само да се заклучи дека Tesla е чекор поблиску до комерцијализација на моделот, како и дека најверојатно наскоро ќе ги објави резултатите од crash test.
Време е, бидејќи Cybertruck беше најавен уште во 2019 година, а и покрај бројните најави и ветувања, до денес на патиштата се забележани повеќе верни копии отколку вистински примероци. Точно, додека Tesla нè „почестува“ во Европа со специјално пиво GigaBier, а во Кина со полнач Cybervault, неодамна во Америка можеа да се видат неколку прототипови со активен 4WS систем за вртење на задните тркала. Дури и Елон Маск (Elon Musk) најави помал круг на вртење од Model Y, што со оглед на димензиите е извонреден дострел.
Најновите информации сугерираат дека ќе видиме сериски Cybertruck оваа година, додека производството треба да се зголеми во текот на следната година. Судејќи според одличниот успех на Ford F-150 Lightning, pick – up моделот на Tesla би можел да биде новиот бестселер, барем во Северна Америка.