Теslа повлекува повеќе од 80.000 автомобили произведени во Кина и увезени во земјата од 2013 година поради проблеми со софтверот и безбедносните појаси, соопшти во петокот кинескиот пазарен регулатор…
Американскиот производител на електрични автомобили повлече 67.698 возила Model S и X увезени во Кина помеѓу 2013 и 2020 година поради софтверски проблеми кои влијаат на системите за управување со батериите на возилата, пишува Reuters.
Компанијата Teslaa најави дека ќе го поправи софтверот на повлечените возила.
Tesla, исто така, повлече 2.736 увезени автомобили Model 3 произведени помеѓу јануари и ноември 2019 година, како и уште 10.127 автомобили Model 3 произведени во Кина од 2019 до 2022 година, поради потенцијално неправилно поставените појаси, кои Tesla повторно ќе ги инсталира.
Потсетуваме во април тековната 2022 година, Tesla повлече вкупно 127.785 автомобили Model 3 во Кина, наведувајќи ги потенцијалните дефекти во полу проводничките компоненти што може да доведат до несреќи.
Една четвртина од спорните возила се увезени во Кина, а останатите се произведени таму.