Тесла плаќа 10 милиони долари поради вина од 1% во несреќа со смртни последици

Најпознатиот светски производител на електрични автомобили поради несреќа што се случи во 2018 година во САД треба да плати отштета од 10,5 милиони американски долари и покрај тоа што судот утврди дека нивната вина е само 1 процент….

Таа одлука ја донесе федералниот суд во американскиот Форт Лодердејл поради несреќата што се случи кога 18-годишниот Барет Рајли (Barrett Riley) излетал од свиокот со својот Tesla Model S, кога престигнувал друго возило со брзина од 187 km/ ч.

Автомобилот Tesla по судирот се запалила, а Рајли и неговиот сопатник загинале на местото на несреќата, пренесуваат светските агенции.

Судот пресуди дека родителите заслужиле толку голема сума за ментална болка и страдање, и покрај тоа што улогата на Теslа во несреќата била мала. Имено, судот процени дека 90 отсто од вината за несреќата ја сноси младиот возач, 9 отсто неговиот татко, а само 1 отсто Теslа.

Родителите на Рајли ја тужеа Теslа затоа што производителот го отстрани електронското ограничување на максималната брзина од 137 км/ч, што беше инсталирано во автомобилот бидејќи го управуваше млад возач.

Тие тврдеа дека тоа било направено без нивно знаење.

Исто така, според родителите, за пожарот придонела дизајнерска грешка во батеријата на Tesla.

Адвокатите на Теslа на судењето тврдеа дека Барет Рајли е единствениот виновен за несреќата поради неговото несовесно возење и затоа што измамил вработен во Теslа да го оневозможи ограничувачот на максималната брзина. Тие додадоа дека батеријата нема структурна грешка и дека родителите се одговорни што не ги земале клучевите од автомобилот на нивниот син кога неколку месеци претходно полицијата го фатила како вози со брзина од 180 км/ч.

Таткото на несреќниот млад човек изјавил дека Илон Маск (Elon Musc) му се јавил неколку дена по несреќата и признал дека компанијата Теslа направила грешка со отстранувањето на блокот за максимална брзина.

Адвокатите на Теslа тврдеа дека Маск не го кажал тоа во телефонскиот разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји