Tesla почна со испораки на Model Y

Иако овој производител на електрични автомобили од САД не е познат по исполнување на ветените рокови, првите примероци на новиот Model Y се симнаа од лентата за производство на време како што е и ветено…

Компанијата Tesla го одбележа стартот на производството на својот четврт автомобил од актуелната гама  crossover Model Y, со ново видео.

Американската компанија очекува овој автомобил да биде еден од нивните најпродавани модели, со оглед на комбинацијата на практичност и на ценовната пристапност.

Н почетокот на купувачите ќе им биде понудена по опремените и поскапи верзии, a најевтината опција на пазарот ќе стаса по извесно време.

Model Y Long Range Dual Motor AWD (со два електрични мотори и погон на сите четири тркала) чини од 52.990 американски долари.

Таквата верзија има забрзување од 0  до  96 км/ч ( од 0 до 60 милји) за 4,8 секунди и ќе постигнува максимална брзина од 217 км/ч.

Со полна батерија ова возило има досег од 509 км до повторно полнење на батеријата.

На купувачите на располагање им е и по динамичната опција по цена од 60.990 долари.

Тој crossover од 0 до 96 км/ч забрзува за само 3,5 секунди, a може да постигне максимални  233 км/ч.

Во однос на автономијата со едно полнење на батериите таа е речиси иста како и кај послабата верзија.

Освен подобрите перформанси оваа варијанта на Model Y има и специјални тркала од  21-инчи со алуминиумски фелни, повеќе спуштено потпирање, помоќни сопирачки, a достапен е и дополнителен Performance пакет што ја зголемува максималната брзина на 250 км/ч.

Кога станува збор за по пристапната верзија на Model Y, таа во продажба ќе се појави во текот на наредната 2021 година, по цена од 39.000 американски долари, но истата ќе понуди помала автономија на возење со едно полнење на батериите од само 370 км.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт поради кризата се замрзнува, или забавува електрификацијата на возилата

Иако пазарот запре, сета годишна продукција на овој модел е распродадена

Во Флорида во пожар изгореле над 3.500 автомобили

Саемот во Пекинг одложен за крајот на септември и почетокот на октомври

Нови ознаки на гумите во ЕУ

Alfa Romeo Giulietta заминува во пензија, а пристигнува SUV моделот Tonale

Lexus продал дури 250.000 SUV и crossover модели во Европа

ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

Најава за пристигање на новите Jeep Renegade и Compass 4xe