Tesla  почнува со нов бизнис- синџир на авто- ресторанти

Илон Маск најавува чекор во бизнисот со угостителство, со лансирање ланец ресторани под името на брендот Тesla…

Поточно, Tesla аплицираше за трговски марки кои ги покриваат категориите „ресторански услуги, поп-ап ресторански услуги, услуги за ресторани  со самопослужување и ресторански услуги за надвор“, што значи дека тие се однесуваат на сите видови угостителски понуди на храна и пијалок, од класични ресторани до ресторани за брза храна и услуги за „носење“ (to go).

Ако се прашувате што ќе ја поврзе Tesla со ланецот угостителски објекти, одговорот е всушност многу едноставен.

Исто како што имате разновидни ресторани и кафулиња на многу бензински пумпи, станиците за полнење електрични автомобили на Tesla Supercharger ќе имаат „дополнителна содржина“ што ќе ви овозможи ужинка пред, за време или по полнењето на вашето домашно милениче на четири тркала од електричен вид.

Тesla веќе го тестираше ова кога воведе мал киоск за храна и пијалоци на станицата California Supercharger station во Кетлман Сити, и сега тие сакаат истото да го кренат на многу повисоко ниво.

Ланецот ресторани на Тesla ќе се разликува со голема буква Т од логото на компанијата, а Маск и неговиот тим исто така поднеле барање за трговската марка на ресторанот за самото име Тeslaа, како и за стилизирана верзија на зборот.

За да бидат уште поинтересни за посетителите, рестораните за супер-полначи Тesla ќе бидат тематски дизајнирани и ќе имаат голем број технологии што ја карактеризираат автомобилската компанија на Маск, па затоа може да видиме келнер-робот со авто-пилот на Теsla.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На еден пат во Холандија властите ги потикнуваат возачите да возат побрзо

Hyundai Casper во производство од 15 септември

Полициски дронови ловат сообраќајни прекршители во Полска

Land Rover работи на перформанс Defender

Три верзии на електричниот ID. Buzz „иконата се враќа на голема врата“

Tesla Систем на автономно возење месечината ја препознава како жолто светло на семафор

Pininfarina Batista во 128 милиони комбинации!

Обновена Lada Niva Bronto

Volkswagen Atlas Cross Sport GT Concept