Тesla со сопствена лента на граничен премин

Иако Tesla е производител кој многумина го доживуваат како гордост на американската автомобилска индустрија, практиката покажува дека подизведувачите не познаваат граници.

Ова е најочигледно на граничниот премин Колумбија солидарност меѓу Тексас и Мексико каде мексиканската страна отвори специјална лента за Теslа и нејзините добавувачи. Ова е резултат на договорот меѓу Tesla и мексиканската држава Нуево Леон, според кој е отворена посебна лента за минување на возилата на Tesla и нејзините добавувачи, пишува Bloomberg.

Изгледа чудно, особено што Теslа и Илон Маск (Elon Musk) се фалат дека нивните автомобили се направени во Америка со локални делови. Сепак, многу делови доаѓаат и однадвор, па не треба да чуди што е воведен ваков режим на границата, пишуваат агенциите.

Bloomberg  пишува дека ова не е многу фреквентен граничен премин, па овде камионите не чекаат повеќе од 20 минути за да ја поминат границата. Затоа отворањето на специјална лента е еден вид политички потег со кој мексиканската држава сака да поттикне понатамошни инвестиции и проширување во автомобилската индустрија, особено кога се во прашање мексиканските добавувачи. Во моментов, шест главни добавувачи од Мексико работат за Tesla, вклучувајќи го и германскиот ZF, кој има капацитети таму.

 

Истовремено, Мексиканците нагласуваат дека не завршува тука. „Сакаме побрза и поефикасна транзиција. А можеби ќе воведеме лента за друга компанија како за Теslа“, рече локалниот министер за економија Иван Ривас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Haval H-Dog

Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Најавен Zenvo со 1800 КС

Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

MINI како количка за продавање на сладолед – MINI Cummins Ice Cream Vans

Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Acura Precision EV Concept