Tesla со трета генерација на полначи

Компанијата Tesla ја претстави третата генерација на својот Supercharger, односно на супер полначи во своето седиште во Фримонт, во Калифорнија -САД

Новиот V3 Supercharger може да го полни Model 3 со сила од 250 kW, доволно брзо и за само пет минути полнење автомобилот може да помине повеќе од 120 km.

Првата V3 Supercharger станица е отворена во Фримонт и е наменета за членовите на програмата на Tesla ран пристап“ , односно за мала група сопственици на автомобили на кои компанијата им овозможува да тестираат најразлични новитети.

Ширењето на мрежата на новите супер полначи ќе стартува наредниот месец – Април тековната 2019 година, a на европските и на азиско – пацифичките пазари ќе стаса во четвртиот квартал на годинава.

Третата генерација на супер – полначи претставува големо подобрување во однос на V2 супер полначите што имаат максимална сила од 150 kW, но ограничени се на 120 kW.

Меѓутоа, тоа ќе се промени , бидејќи и тие полначи, наскоро ќе бидат адаптивни така да нивната снага ќе се зголеми на 145 kW.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan и DOCOMO испитуваат виртуелна технологија во возила со 5G мрежа

Франција вложува 700 милиони евра-поттик за производство на батерии за ЕV

Идниот месец во Женева Subaru  со први електрифицирани модели за Европа

Ford подготвува Hybrid Mustang со погон на сите четири тркала!?

Mercedes-Benz дополнителна опрема ќе вградува и со апликација, далечински!

Hyundai со иновација- повеќфункционално перниче од иднината!

Toyota и Panasonic ги здружија силите за производство на батерии за EV

Bose со решение за анулирање на бучава во автомобилите

ClearMotion суспензија готова за сериско производство и револуција на патеките