Tesla supercharger полначи ќе бидат достапни и за EV на други производители

Илон Маск објави дека и моделите што не носат ознаки на Tesla наскоро ќе можат да се полнат на суперполначите на оваа Компанија…

Една од главните предности на Тesla во однос на конкуренцијата е нејзината многу обемна мрежа на суперполначи, која во моментов брои околу 25.000 на повеќе од 2.700 станици ширум светот.

Маск на својата омилена социјална мрежа Twitter објави дека  до крајот на годината,  ќе им дозволи на другите електрични автомобили да користат суперполначи  . Првиот човек на Тesla исто така изјави дека „отклучувањето“ на полначите на Тesla ќе се случи во сите земји каде тој производител има свои станици за полнење.

Останува да видиме како ќе се реши проблемот со различните конектори за другите брендови, и веројатно ќе биде потребно да се дизајнира некаков адаптер со цел тие да станат компатибилни со суперполначите на Tesla.

Големото прашање е како ова ќе влијае на продажбата на Tesla, бидејќи иако ова е еден од најголемите адути на американската марка, факт е дека и на други полиња поврзани со EV модели тие се уште се далеку пред ривалите, особено кога станува збор за опсегот на нивниот електричен производ на четири тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најпопуларни автомобили август во Германија

Renault Kadjar ќе добие електричен наследник

Луксембург со најмногу автомобили на жител во Европа

Русија повеќе не казнува „преголема просечна брзина“ на патиштата

Новиот Citroen C4 и e-C4 100% electric-Успешен почеток на продажбата во Европа

Во област крај Москва ќе се гради прва фабрика на Tesla во Русија

Познати полуфиналистите на изборот Северноамерикански автомобил на годината 2022

САД проверуваат 30 милиони возила поради потенцијално неисправни перници

Hyundai Ioniq 6 одложен поради редизајн!