Tesla својот Cybertruck pick up ќе го претстави на 21 ноември

Илон Маск Директорот на компанијата  Tesla и официјално потврдил дека претставувањето на pick up возилото Cybertruck ќе се случи на 21-ви ноември тековната 2019 година на настан во Лос Анџелес …

Илон Маск (Elon Musk) откри некои информации за  pick up возилот со име Cybertruck, уште во летото минатата 2018 година кога рекол дека ќе има штекери за приклучување на алати за целодневна работа на терен без потреба од генератор!

Во јануари тековната 2019 изјавил дека овој pick up би требало да биде подготвен до летото и дека и дека ќе биде нешто сосема уникатно.

Потоа во јуни годинава кажа дека ќе биде подобар од Ford F-150 кога станува збор за функционалноста на камионетот, a едновремено ќе биде и подобар спортски автомобил од стандардниот Porsche 911!.

Во моментов компанијата Tesla во понуда има три електрични модели : седан модел Model S и Model 3 како и SUV Model X.

Се очекува кон крајот на наредната 2020 година да стартува и продажбата на crossover автомобилот Model X, a веќе се претставени новите верзии на Teslа Roadster и Semi камион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа